Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ работи на создавање „ѕид од дронови“

    ЕУ работи на создавање „ѕид од дронови“

    19.09.2025 во 20:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Неодамнешните настани со упадот на руски дронови во воздушните простори на Романија и на Полска уште еднаш ја нагласија потребата Европската Унија да преземе мерки за да се заштити себеси, кои вклучуваат и создавање „ѕид од дронови“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение.

    – Тој ќе служи за заштита од потенцијални напади со дронови на нашите земји од „првата линија“ и на Украина. Работата на создавањето на „ѕидот од дронови“ е во тек, рече Рение.

    Тој додаде дека за ова прашање еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус веќе разговарал со земјите од „првата линија“, односно членките на ЕУ што се наоѓаат долж источната граница на блокот кон Русија, Белорусија и Украина.

    – Сега тој ќе продолжи со својата работа со нив, за да се осигури дека можеме да го оствариме тој план, доколку навистина има интерес за него од земјите членки, нагласи Рение.

    Тој додаде дека за реализација на некои суштински компоненти од овој проект би можеле да се користат и средства од инструментот Безбедносна акција за Европа (САФЕ), доколку некоја од земјите членки поднесе такво барање во рамки на плановите што треба да бидат доставени до Еврокомисијата најдоцна до 30 ноември.

    Прочитај повеќе

    Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени

    18.09.2026 во 16:37

    Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација

    18.09.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.