Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицевски: Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“ ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа

    Мицевски: Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“ ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа

    29.07.2026 во 14:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската дебата и процедура за Предлог-законот со кој треба да се овозможи реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ привремено се става на чекање. Пратеничката група на владејачката партија одлучи денеска да го повлече предложениот текст од дневниот ред за дополнителни консултации, соопшти координаторот Никола Мицевски на прес-конференција.

    Одлуката за повлекување доаѓа непосредно по забелешките упатени од опозициските пратеници за време на вонредната координација одржана во текот на самата седница.

    Мицевски појасни дека целта на власта останува исполнување на проектот, но по расчистување на сите нејаснотии во текстот.

    Координаторот на пратеничката група ги изнесе деталите за причините кои доведоа до одложување на гласањето:

    „Согласно она што како пратеници и она што е очекување на сите граѓани, а тоа е Скопје да биде Европска престолнина за 2028 година, се направи одредено законско решение коешто денес беше поднесено од страна на пратеници. Истото беше најавено, на денешната седница, беше ставено како точка на дневен ред. По реакции од опозицијата, на вонредна координација којашто се одржа во текот на самата седница, и врз основа на заеднички разговори донесена е одлука, поради дополнителни разгледувања и поради барање на опозицијата како и надминување на одредени работи коишто им се нејасни во самото законско решение, истата да биде повлечена денеска од дневен ред, рече Мицевски.“

    Според информациите пренесени од координаторот, законското решение останува во собраниските фиоки и не е целосно отфрлено.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.