Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Црна Гора усвои закон: Два дена платено отсуство месечно за жени со болна менструација

    Црна Гора усвои закон: Два дена платено отсуство месечно за жени со болна менструација

    28.07.2026 во 23:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа им се овозможува право на два дена платено отсуство секој месец.

    Како што пренесуваат медиумите во регионот, ова право се однесува на жени чии болни менструални циклуси се предизвикани од органски причини и гинеколошки заболувања, како што се ендометриоза, миоми, полипи и слични состојби.

    Иницијативата за законските измени ја поднесе независната пратеничка Јевросима Пејовиќ во март годинава, а предлог-законот претходно доби едногласна поддршка на матичните собраниски комисии.

    Во образложението на измените се наведува дека целта е адекватно регулирање на патолошките состојби, отстранување на стигмата и предрасудите на работното место, како и воспоставување рамнотежа меѓу здравјето и професионалните обврски. Со ова, на жените со оваа дијагноза официјално им се признава правото на посебна состојба на привремена спреченост за работа.

    Инаку, секундарната дисменореа подразбира сериозни менструални тегоби предизвикани од дијагностицирани гинеколошки заболувања, кои често се проследени со силни грчеви, гадење, замор и дополнителни здравствени компликации.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.