Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пеколот од Сахара пристигнува на Балканот: Топлотна купола ќе ги крене температурите до 40 степени

    Пеколот од Сахара пристигнува на Балканот: Топлотна купола ќе ги крене температурите до 40 степени

    28.07.2026 во 22:072 Mins Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_acnj1hacnj1hacnj
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европа и Балканот се подготвуваат за нов моќен топлотен бран кој носејќи врел воздух од Сахара се заканува да собори метеоролошки рекорди. Метеоролошкиот сервис „Severe Weather Europe“ (SWE) соопшти дека четвртиот топлотен бран сезонава ќе донесе екстремно високи температури поради специфичниот атмосферски феномен познат како „Омега блок“.

    Овој систем овозможува формирање на т.н. топлотна купола над centralna и западна Европа, како и Медитеранот. Топлинската купола функционира како капак, при што заробeниот топол воздух се спушта кон земјата, се компресира и дополнително се загрева, а отсуството на ветар и облаци го засилува ефектот на затоплување.

    Според SWE, топлотниот бран најпрво ги погодува Шпанија и Франција со температури од 42 до 46 степени, по што центарот се поместува кон југоисток. На директен удар се Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Романија, каде што се очекуваат температури над 40 степени Целзиусови.

    Покрај високите дневни температури, метеоролозите предупредуваат и на тропски ноќи во кои минималните температури нема да паѓаат под 24 степени, што го спречува организмот соодветно да се одмори. Сушата и ниската влажност на воздухот дополнително создаваат висок ризик од појава на шумски пожари.

    Републичкиот хидрометеоролошки институт на Србија (RHMZ) веќе активираше црвен метеоаларм. Според нивните податоци, температурите од среда (31–35°C) и четврток (33–36°C) рапидно ќе растат.

    За петок и сабота се најавуваат критични вредности од 35 до 38 степени, а локално живата во термометарот ќе достигне и до 40 степени. Метеоролозите најавуваат дека олеснување нема да има ниту од недела до следниот четврток, кога ќе се задржи екстремно топлото време.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.