Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Николовска до Ленче Ристоска: Бевте десна рака на Катица Јанева во СЈО, апсолутно ништо не испорачавте

    17.09.2026 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор
    • Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот
    • Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан
    • Дизелот во Германија отиде над 150 денари за литар
    • Викендот почнува со сонце: УХМР ја објави прогнозата за утре
    • Измерени само 16 степени – УХМР ги покажа температурите низ Македонија, следи нагла промена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судот пресече: 30 дена притвор за Македонката која прегази куче во Црна Гора

    Судот пресече: 30 дена притвор за Македонката која прегази куче во Црна Гора

    27.07.2026 во 17:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка С.С., која е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште.

    Според полициски извори од Црна Гора, инцидентот се случил на 24 јули, кога жената со автомобил „Мерцедес“ наводно намерно прегазила куче од расата шарпланинец.

    По настанот таа се обидела да ја напушти земјата, но била запрена и лишена од слобода на граничниот премин Сукобин – Муриќани.

    Одбраната изнесува поинаква верзија за настанот, посочувајќи дека шарпланинецот претходно го усмртил нивното мало куче од расата шицу и ги нападнал осомничената и нејзиниот малолетен брат.

    Според адвокатот, возилото било употребено со цел да се оттурне животното, а не со намера тоа да биде усмртено.

    Ќерката на осомничената во изјава за Сител исто така посочи дека станува збор за опасно куче кое се обидело да ги нападне во нивниот апартман.

    Случајот предизвика бројни реакции и поделени мислења во јавноста и на социјалните мрежи.

    Официјалните околности и сите докази, вклучително снимки и сведочења, дополнително ќе ги утврдува црногорското обвинителство во текот на истрагата.

    Прочитај повеќе

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.