Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонка приведена во Црна Гора

    Македонка приведена во Црна Гора

    24.07.2026 во 20:521 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жена, државјанка на Северна Македонија, е уапсена во Црна Гора откако со автомобил прегазила куче во населба во Улцињ.

    Според информациите на црногорските медиуми, по инцидентот таа се обидела да ја напушти државата, но била запрена и приведена на граничен премин.

    Како што пренесува РТЦГ, полицијата во Улцињ околу 16:00 часот добила пријава за прегазено куче.

    Набргу потоа возилото било пронајдено, а возачката била идентификувана и спроведена во просториите на Одделението за безбедност во Улцињ.

    Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од настанот.

    Според неофицијални информации, зад автомобилот се забележува и уште едно мртво куче.

    Црногорските медиуми наведуваат дека станува збор за куче сопственост на уапсената жена, кое претходно било усмртено од шарпланинец.

    Од невладината организација „Пријатели на животните“ побараа итна реакција од надлежните институции и кривично гонење на сторителот, со барање за примена на најстрогите санкции согласно Законот за благосостојба и заштита на животните.

    Надлежните институции во Црна Гора го истражуваат случајот, а засега не се соопштени дополнителни официјални детали за сите околности под кои се случил инцидентот.

    Прочитај повеќе

    Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба

    18.09.2026 во 16:49

    МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници

    18.09.2026 во 15:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.