Close Menu
Press24
    Најново

    Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?

    23.07.2026 во 18:51

    Ѓорѓиевски: Нова ера на јавниот превоз

    23.07.2026 во 18:27

    Група од 120 британски милионери бара повисоки даноци за најбогатите

    23.07.2026 во 18:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
    • Ѓорѓиевски: Нова ера на јавниот превоз
    • Група од 120 британски милионери бара повисоки даноци за најбогатите
    • Шасивари: Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат
    • Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
    • Клековски: Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот за управување со боледувањата 
    • Се урна воен хеликоптер во Чешка: Во возилото имало пет лица, екипите се на терен
    • СДСМ: По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево, колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?

    Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?

    23.07.2026 во 18:512 Mins Read
    ФОТО: Фесјсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Втор ден по невремето во Скопје, а жителите на главниот град брзаат да ги затворат однесените покриви по најавите за нови врнежи од дожд. Ја пријавиле штетата, а додека се врши увид на терен, тие немаат многу време, па се снаоѓаат секој на свој начин за да спречат дополнителна штета.

    Таква е ситуацијата со станарите кај пазарчето Буњаковец, каде што пред два дена ураганот целосно ја однесе кровната конструкција. 

    „Истата вечер кога се враќав од Охрид, мојот брат со уште еден негов пријател се качија и шест часови работеа за со најлон да ја оспособи барем едната страна на кровот . Ова сега се втори работници кои само најлон ставаат. Зошто? Прогнозите не се поволни, утре е најавено дека ќе има пообилен дожд, па има можно е не само на горните спратови туку да пробие и надоле, така да водиме битка со времето да зачуваме се што може да зачуваме“, раскажа станар за Сител.

    Скопјани не се изненадени од последиците од невремето, свесни за начинот на градба, но и за стручноста на оние кои работат. 

    Секој покрив доколку е граден според сите закони на градежништвото мора да издржи оркански ветер, тврди професорот на градежниот факултет Горан Марковски. 

    „Тоа едноставно се должи на непочитување на стандардите во градежништвото, внесување импровизации во текот на изградбата и несоодветно одржување на кровните конструкции, особено на оние кои се наоѓаат на поголеми височини. Ваквиот ветер со ваква брзина не би требало да предизвика вакви штети“, изјави проф. д-р Горан Марковски од Градежниот факултет во Скопје.

    Професорот додава дека на терен се забележале два вида на пропуштање на конструкции. 

    „Прво, практично откачување на лимот од конструкцијата на лимените табли, што исто е недостаток на изведбата, и второто е откачување на целокупната потконстукција заедно со лимот од основната конструкција што укажува на врските на ваквите констуркции а гледаме колку е тоа битно“, додава професорот Марковски.

    Експертите велат дека сега на потег се градежните инспектори за да ги проверат сите конструкции и да ги казнат сите оние кои не работат според правила и прописи со дебели казни, за да се избегнат вакви сценарија при слични непогоди. 

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Нова ера на јавниот превоз

    23.07.2026 во 18:27

    Шасивари: Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат

    23.07.2026 во 17:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.