Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: За две години се исплатени над 15 милијарди денари субвенции за земјоделците, ја санираме катаклизмата што ја наследивме

    23.07.2026 во 13:28

    Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје 

    23.07.2026 во 13:27

    Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното

    23.07.2026 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: За две години се исплатени над 15 милијарди денари субвенции за земјоделците, ја санираме катаклизмата што ја наследивме
    • Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје 
    • Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното
    • 14-годишник се опил во кафуле и завршил во болница, охридски угостител заработи кривична пријава
    • Со нож им се заканувал на газдите за неисплатени дневници, па им ја расекол гумата од автомобилот – Инцидент во Трубарево
    • Влегол во куќа во Скопје и претурал: Полицијата го начекала крадецот на лице место по пријава од сосед
    • Ја претепал сопругата поради тестамент, па се заканил дека ќе ја запали куќата со 10 литри бензин – ОЈО Гевгелија поднесе обвинение
    • Во понеделник е неработен ден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: За две години се исплатени над 15 милијарди денари субвенции за земјоделците, ја санираме катаклизмата што ја наследивме

    Мицкоски: За две години се исплатени над 15 милијарди денари субвенции за земјоделците, ја санираме катаклизмата што ја наследивме

    23.07.2026 во 13:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на опозицијата дека нема резултати во земјоделството и што покажуваат бројките, изјави:

    „Видете, јас ги слушам од опозицијата најчесто, посебно од коалицијата СДСМ, Демократска унија за интеграција и Левица. Овие претходниве беа во Влада 7 години, ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се остави. Неисплатени плати во АД Водостопанство, 3 плати не беа исплатени на работниците, сега тоа оди месец за месец, со самото тоа и придонеси. Акумулациите беа претворени во мочуришта, буквално, вклучително и тука во Кавадарци, Тиквешкото Езеро. Конкретно лозарите, среќа беше да добијат вода за наводнување на поседите, сега гледате со домаќинско работење тоа веќе не е проблем. Тоа е, како да кажам нормална работа, но кога ќе се спореди со состојбата тогаш, тогаш беше проблем. Неколку неисплатени плати во Национални шуми и долгови кон земјоделците по основ на директни плаќања од 2020-2021 година. Сега веќе ги завршуваме, со ребалансот ќе се доисплатат и за полјоделците и за млекарите од 2025 година. И веќе е почнат циклусот на пријавување за субвенции за директни плаќања во 2026 година. До сега се повеќе од 15 милијарди денари за две години, исплатени директни субвенции кон земјоделците. Имаме зголемување на производството и намалување на дефицитот, кога станува збор на увоз-извоз на земјоделски производи. 

    Ете тоа се резултатите што можевме за овие две години, после онаа катаклизма којашто ја наследивме од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и сега по ново, на која што се приклучи во коалицијата и политичката партија Левица. Но тие тоа ќе го водат како политика и понатаму. Ќе се трудат да ја отежнат работата на Владата. А ние имаме своја цел, имаме фокус, имаме приоритети и врз основа на тоа, ние ќе ги водиме нашите политики. 

    На крајот од денот, на избори граѓаните ќе гласаат. Многу ќе биде јасен изборот, од едната страна ќе биде коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, од другата страна ќе биде коалицијата којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ќе одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас. Ако, нормално одлучат да го дадат за коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ, реформите, проектите ќе продолжат. Ако одлучат да го дадат гласот  за коалицијата ДУИ, СДСМ и политичката партија Левица, ќе имате работа со луѓе коишто се нихилисти, повторно ќе гледате фудбалчиња по канцеларии, ќе гледате како марихуаната станува вносен бизнис во државата, шверц, криминалците повторно ќе се вратат на улиците, ќе ги ослободат од затворите, значи тоа е разликата помеѓу едната и другата Влада. Така што националните предавства ќе се потпишуваат договори за сѐ и сешто. Ова што ние како Влада го нудиме е одбрана на достоинството, на интересите, на приоритетите, тоа се концептите коишто ги нуди коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во којашто се политичките партии СДСМ, ДУИ и Левица. Тоа е отприлика.“

    Прочитај повеќе

    Милијарди ненаплатени побарувања во општините – ДЗР утврди слабости во системот

    23.07.2026 во 10:21

    ГАЛЕРИЈА: Во чантата носела накит вреден 1,3 милиони денари – Голема заплена на Табановце

    23.07.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.