Close Menu
Press24
    Најново

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Пречистителната станица во Скопје е наш проект, ВМРО-ДПМНЕ го успоруваше

    СДСМ: Пречистителната станица во Скопје е наш проект, ВМРО-ДПМНЕ го успоруваше

    23.07.2026 во 11:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е проект што го започна СДСМ. Постапката почна во декември 2019 година.  Тендерот беше распишан во 2020 година, а финансирањето од над 200 милиони евра преку ЕБОР, ЕИБ и грант од Европската Унија беше обезбедено во времето на СДСМ. Договорот за изградба беше потпишан во април 2023 година, се вели во соопштението на СДСМ.

    -Што направи градоначалничката Данела Арсовска кога ја презеде општината? Постапката ја закочија.Прво го разрешија директорот, иако европските партнери јасно кажаа дека нема никакви сомнежи во постапката. Потоа со месеци одбиваа да го направат изборот на фирмата за надзор и на изведувачот, иако бодувањата веќе беа завршени и автоматски го покажуваа победникот, велат СДСМ.

    Додаваат дека плаќањата кон изведувачите доцнеле. Сега, кога проектот конечно се движи, се обидуваат да го претстават како свој успех.

    -Орце не може да го среди градскиот сообраќај, не може да го реши проблемот со ѓубрето во главниот град, а уште помалку еколошките проблеми. Орце не е способен ниту билборд да направи без грешка, а камоли да управува со инфраструктурен проект вреден над 200 милиони евра. Пречистителната станица не е нивен проект. Таа е проект што го започна СДСМ, го обезбеди со европски пари и го остави подготвен за реализација. Тие само го успоруваа. Граѓаните треба да знаат: кога ВМРО-ОКГ се фали со инфраструктура, најчесто се работи за проекти што ги наследиле и кои претходно ги блокирале, велат тие.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.