На 21.07.2026 година во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш. (44) од село Волково, скопско, и патничко возило кое по несреќата го напуштило местото на настанот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје, а полициските службеници преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото што го напуштило местото на настанот.

