Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уапсен македонски државјанин кој со камион прегази возач на брза помош во Србија

    Уапсен македонски државјанин кој со камион прегази возач на брза помош во Србија

    22.07.2026 во 19:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државјанин на Северна Македонија, кој управувајќи со камион удрил во возач на санитетско возило на стопирачката лента кај Грделица, денеска е пронајден и лишен од слобода.

    Според информациите од Полициската управа во Лесковац, на македонскиот државјанин му е одреден притвор во траење од 48 часа.

    Тешката сообраќајна несреќа се случила во вторникот попладне во близина на Грделица. Санитетското возило, кое превезувало десетгодишно дете од Врање кон болницата во Ниш, претрпело дефект и морало да запре на патот.

    Возачот на санитетот излегол од возилото за да го провери и отстрани дефектот. Во тој момент, според досегашните информации, наишол камионот управуван од македонскиот државјанин и директно удрил во вратата од санитетското возило. Од силината на ударот, вратата го отфрлила возачот.

    Тој со главата удрил во бетонската подлога и се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот итно бил пренесен и згрижен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

    Во меѓувреме, десетгодишното дете, за кое постоело сомнение дека има воспаление на слепото црево, било успешно транспортирано до Ниш благодарение на случајна средба со лекарка.

    Докторката, која со својот приватен автомобил наишла на местото на несреќата, веднаш го презела детето и го одвела во болница.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија

    20.09.2026 во 13:35

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.