Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Координативен состанок на скопските градоначалници за последиците од невремето

    Координативен состанок на скопските градоначалници за последиците од невремето

    22.07.2026 во 18:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето.

    Тој заедно со градоначалниците од скопските општини гоговориле општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли.

    Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имало оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи предвид дека, како што вели, нивното одржување треба да го имаат куќните совети.

    -Сите расположливи капацитети се ставени во функција и заеднички ќе се справиме со последиците од оваа сериозна природна непогода. Градот Скопје има и свој солидарен фонд во кој што имаме обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби, пишува Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

    Тој се заблагодарува на брзата и навремена реакција на екипите на јавните претпријатија, Противпожарната бригада на Град Скопје кои, како што потенцира, веднаш по невремето ги оспособиле сите главни сообраќајници, а продолжиле со расчистување на тротоари, паднати гранки и дрвја во текот на целата ноќ.

    -Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, предизвика паднати дрвја и гранки, оштетени возила, покриви, фасади, електрични водови, урбана опрема и приватен имот. Станува збор за временска непогода од размери какви што градот не памети со децении. Денес одржавме координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој ги сумираме штетите и последиците од силното невреме што го зафати главниот град. Од состанокот повторно се упатуваме на терен, пишува скопскиот градоначалник.

    Работата, нагласува, продолжува сè додека не бидат санирани последиците и не се обезбеди целосна безбедност за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.