Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Раководител и вработени во „Национални шуми“ го оштетиле претпријатието за над половина милион денари – заработија кривични

    Раководител и вработени во „Национални шуми“ го оштетиле претпријатието за над половина милион денари – заработија кривични

    22.07.2026 во 13:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“.  

    Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми“, склучил договор за позајмица со правно лице од струшкото село Велешта и со неизвршување на службена должност и вршење должен надзор не спречил и не санкционирал незаконско работење на останатите вработени во претпријатието.

    Второ и третопријавените, вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга ја злоупотребиле својата службена положба и спротивно на своите должности и овластувања, не поднесувале примероци од испратници во сметководство и не  евидентирале сеча во износ од 127,32 кубни метри буково огревно дрво, додека четвртопријавениот, исто така, вработен во претпријатието ја злоупотребил својата службена положба и спротивно на своите должности, во една испратница внесувал два вида на договори и двајца купувачи.

    Со тоа, пријавените на правното лице од селото Велешта  му овозможиле до својот склад бесправно да го пренесе бесправно исеченото огревно дрво  и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на ЈП „Национални шуми“ во висина од 570.569 денари.

    Прочитај повеќе

    Син ми е нападнат од негов соученик – Загрижена мајка пријавила во полиција

    18.09.2026 во 21:27

    (ВИДЕО) Брза реакција на полицијата: Казнет возачот кој со автомобил се движел по пешачка патека покрај реката Вардар

    18.09.2026 во 18:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.