Close Menu
Press24
    Најново

    Пуштено во употреба одделението за Трауматологија, Мицкоски најави нови проекти во здравството

    22.07.2026 во 12:01

    Попоски со објаснување: Што точно го предизвика вчерашното силно невреме во Македонија

    22.07.2026 во 11:44

    Позитива на денот: Деца самоиницијативно го исчистија спортскиот терен по невремето во Гази Баба

    22.07.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пуштено во употреба одделението за Трауматологија, Мицкоски најави нови проекти во здравството
    • Попоски со објаснување: Што точно го предизвика вчерашното силно невреме во Македонија
    • Позитива на денот: Деца самоиницијативно го исчистија спортскиот терен по невремето во Гази Баба
    • Рокас: Нема никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види државата како полноправна членка на ЕУ
    • Ангелов: Природата е најголемиот контролор, без ургенции, без пријателски врски
    • ВМРО-ДПМНЕ: Разликата е во реакцијата при кризи, ние испорачуваме резултати
    • Сончево и спарно, температурите во 11 часот – Ново невреме „ќе беснее” во Македонија
    • (ФОТО)„На пострашно не сум сведочела“: Падна фасадата на ОУ Браќа Миладиновци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пуштено во употреба одделението за Трауматологија, Мицкоски најави нови проекти во здравството

    Пуштено во употреба одделението за Трауматологија, Мицкоски најави нови проекти во здравството

    22.07.2026 во 12:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во старата Градска болница.

    Тој упати честитки до раководството и медицинскиот кадар за подобрувањето на условите за третман на пациентите.

    Мицкоски се осврна на децениското запуштање на објектот и чекорите за негова санација:

    „Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме.“

    Претседателот на Владата истакна дека вложувањата во здравствениот сектор продолжуваат со засилено темпо.

    Тој посочи дека годишниот буџет за оваа намена веќе надминува една милијарда евра:

    „Така што, и во периодот којшто следи здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата. Ќе продолжиме да инвестираме. Веќе Буџетот надминува една милијарда евра годишно, кој што се инвестира во здравството. Имаме планови, имаме развојни проекти, кои во периодот што следи ќе почнат да се реализираат. Така што, ова е веќе во низа инвестиции во здравството коишто ги имавме овие две години. Во периодот којшто следи ќе имаме уште неколку вакви проекти.“

    На крајот, Мицкоски изрази благодарност до сите кои учествуваа во реализацијата на овој инфраструктурен проект.

    тој додаде дека Владата ќе продолжи доследно да ги спроведува зацртаните приоритети во здравствениот систем:

    „Генерално би сакал да им честитам на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, на министерот, порано како директор во Фондот за здравство, на здравствените работници, затоа што нас ни се овие проекти приоритетни и во таа насока ќе продолжиме да се движиме.“

    Прочитај повеќе

    Попоски со објаснување: Што точно го предизвика вчерашното силно невреме во Македонија

    22.07.2026 во 11:44

    Позитива на денот: Деца самоиницијативно го исчистија спортскиот терен по невремето во Гази Баба

    22.07.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.