Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Француска сенаторска делегација во посета на македонското Собрание
    • Тошковски во Охрид: Новите безбедносни ризици и предизвици во фокус
    • Јаневска во Охрид: Фокус на безбедноста, паметните технологии и предизвиците на иднината
    • Времето нагло се менува: Подгответе се за поројни дождови
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Наместо одговори за Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа Филипче

    СДСМ: Наместо одговори за Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа Филипче

    22.07.2026 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во последните денови ВМРО-ОКГ и нивната медиумска машина, предводена од Драган Павловиќ Латас, започнаа нова валкана кампања против СДСМ и лично против претседателот Венко Филипче, наведува СДСМ во соопштение.

    -Затоа што немаат што да кажат за труењето на целиот град Гостивар. Наместо да ја преземат одговорноста за тоа што илјадници граѓани беа отруени поради нивната неспособност и криминално управување, тие се обидуваат да создадат нов фронт – напад врз опозицијата.  Кога немаат одговор за Гостивар, кога немаат одговор за празниот буџет, кога немаат одговор за економската криза – тогаш го напаѓаат Венко Филипче и СДСМ.  Причината е едноставна и политичка: Мицкоски и ВМРО-ОКГ се во слободен пад. ВМРО изгуби повеќе од 150.000 гласови, а рејтингот на Мицкоски, поради секојдневните лаги, е на дното. Се обидоа преку измените на Изборниот законик да овозможат кражба на 200.000 гласови од дијаспората. Не им успеа, велат од опозицијата.

    Додаваат дека нивниот рејтинг постојано опаѓа, а рејтингот на Венко Филипче и СДСМ секојдневно расте. 

    -Тие веќе се плашат од СДСМ како партија – тие се плашат и од Венко Филипче како јасна и растечка алтернатива.Затоа и ја активираа целата своја пропагандна машина.  Затоа и Латас повторно ги вади старите лаги за Ковид, за модуларната болница и за се што можат да измислат.  Не затоа што веруваат во тоа што го зборуваат, туку затоа што се обидуваат да го сопрат подемот на Филипче и да го свртат вниманието на јавноста од катастрофата во Гостивар. ВМРО-ОКГ нема одговор за труењето на цел град, никој не презима одговорност. Нема одговор за тоа зошто институциите не функционираат. Нема одговор зошто граѓаните беа оставени сами. Затоа и напаѓаат, велат тие.

    Додаваат дека граѓаните не се наивни. Тие знаат зошто одеднаш се појави оваа кампања. 

    -И знаат дека зад секој напад на Венко Филипче стои стравот на Мицкоски од вистината за Гостивар и од растечката поддршка за СДСМ. Вистината е една: колку повеќе расте СДСМ и Венко Филипче, толку повеќе паничи Мицкоски. А колку повеќе паничи Мицкоски, толку повеќе валкана станува нивната пропаганда, стои во соопштението на СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Француска сенаторска делегација во посета на македонското Собрание

    24.09.2026 во 08:05

    Тошковски во Охрид: Новите безбедносни ризици и предизвици во фокус

    24.09.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.