Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски во Гостивар: Државата ги стави во функција сите капацитети за надминување на кризата – ќе има одговорност

    Тошковски во Гостивар: Државата ги стави во функција сите капацитети за надминување на кризата – ќе има одговорност

    21.07.2026 во 19:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување на состојбата предизвикана од загадувањето на водоснабдителниот систем во општината.

    Министерот Тошковски истакна дека Владата, веднаш по препораката на Групата за проценка, донела одлука за прогласување кризна состојба на територијата на Општина Гостивар, со цел да се стават во функција сите расположливи државни механизми и експертски капацитети за што побрзо нормализирање на состојбата.

    „Државата се вклучи со сите свои капацитети затоа што наш приоритет е што побрзо да ја нормализираме состојбата и да обезбедиме безбедна вода за граѓаните. На терен веќе работат експертски тимови кои вршат детални анализи на водоснабдителниот систем и земаат мостри на повеќе локации. Нема да носиме избрзани заклучоци, туку ќе постапуваме исклучиво врз основа на стручните анализи и препораките на експертите“, истакна министерот Тошковски.

    Тој нагласи дека до целосно завршување на анализите и потврдата од надлежните институции дека водата е безбедна, граѓаните треба доследно да ги почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и на здравствените власти.

    „Ниту ќе шпекулираме, ниту ќе даваме проценки кога водата ќе може повторно да се користи. Граѓаните ќе бидат навремено информирани веднаш штом експертите ги завршат анализите и ќе потврдат дека се исполнети сите услови за безбедна употреба. Единствено важно во овој момент е да се следат препораките на надлежните институции, со цел што побрзо и безбедно да излеземе од оваа состојба“, потенцираше Тошковски.

    Во однос на постапката за утврдување на одговорноста, министерот информираше дека Министерството за внатрешни работи постапува во целосна координација со Јавното обвинителство.

    „Министерството за внатрешни работи продолжува интензивно да обезбедува докази, додека Јавното обвинителство ја води постапката согласно своите законски надлежности. За секој за кого ќе се утврди одговорност ќе се постапува согласно закон, без исклучок“, нагласи министерот Тошковски.

    Владината делегација потенцираше дека ќе продолжи да ја следи состојбата и да обезбедува целосна институционална поддршка сè до нејзиното целосно надминување.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.