Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Евро банкнотите добиваат нов изглед
    • Сопругата ме натепа мене и малолетниот син – Семејна драма во Берово
    • Кривична пријава за тетовчанка: Физички го нападнала своето четиригодишно дете
    • Скопјанец забележал дупка на капак од буре во дворот, кога го отворил внатре имало зрно од огнено оружје
    • Две лица кривично ќе се гонат за убиството на 26-годишното момче во Скопје
    • Филипче: Вака веќе не се живее – пак поднесуваме Закон за 600 евра минималец
    • Откажан најавениот протест на превозниците на границите со ЕУ
    • Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и најавија средба во Министерството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историска посета во Собранието: Мурму се обрати пред пратениците и најави биста на Махатма Ганди

    Историска посета во Собранието: Мурму се обрати пред пратениците и најави биста на Махатма Ганди

    21.07.2026 во 16:45Updated:21.07.2026 во 16:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието беше домаќин на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму.

    Ова е прва посета на еден претседател на Индија на Северна Македонија, што претставува значаен момент во зајакнувањето на односите меѓу двете земји.

    Во рамките на посетата, претседателката Мурму беше пречекана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кого одржа тет-а-тет средба.

    По средбата, таа се потпиша во Книгата на впечатоци, изразувајќи благодарност за гостопримството и истакнувајќи ги историските и културните врски меѓу двата народа.

    Мурму им се обрати на пратениците на пленарна седница, нагласувајќи дека демократијата е вредност што ги обединува двете држави.

    За позицијата на земјава во глобалната политика, индиската претседателка истакна:

    „Ние не ја сметаме Северна Македонија за далечна земја, туку за важен столб во градењето одржлива, мултиполарна и просперитетна глобална иднина.“

    Говорејќи за историските врски, таа ја истакна личноста на Мајка Тереза, нарекувајќи ја „најпознатата ќерка на Скопје“, која Индија ја нарекуваше свој дом.

    За време на престојот таа ќе ѝ оддаде почит на Мајка Тереза, а најави и дека на македонскиот народ ќе му подари биста на Махатма Ганди.

    Високата гостинка ја потенцираше важноста на парламентарната дипломатија и зголемувањето на учеството на жените во демократскиот живот.

    Седницата ја затвори со порака заснована на древната индиска филозофија „Целиот свет е едно семејство“, повикувајќи на градење мостови на соработка во време на глобални предизвици.

    Прочитај повеќе

    Сали во Братислава се сретна со Бланар: Поддршката од Словачка е значајна за европскиот пат

    11.09.2026 во 13:00

    Лукаревска побара одговорност од Јаневска за хаосот со наставата во ООУ „Киро Глигоров“

    11.09.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.