Close Menu
Press24
    Најново

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петровска за труењето во Гостивар: На граѓаните не им се потребни нови комисии и соопштенија дека состојбата се следи, туку конкретна акција

    Петровска за труењето во Гостивар: На граѓаните не им се потребни нови комисии и соопштенија дека состојбата се следи, туку конкретна акција

    21.07.2026 во 16:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По случувањата со затруената вода во Гостивар, на граѓаните не им требаат нови политички препукувања, туку сигурност дека водата што ја користат е безбедна, порача Славјанка Петровска.

    Таа преку соопштение изнесе две конкретни одлуки кои, според неа, Владата мора веднаш да ги донесе за решавање на кризата.

    Првиот чекор, според Петровска, е одземање на надлежностите за водоснабдувањето од локалните власти:

    „Прво, Владата веднаш и привремено да го преземе управувањето со водоснабдувањето од локалната самоуправа, сè додека не се утврди целосната состојба и не се гарантира безбедноста на системот. Кога локалните институции не можат да обезбедат безбедна вода, државата нема право да стои настрана и да ја префрла одговорноста.“

    Како второ барање, таа ја нагласува потребата од итна теренска акција и чистење на мрежата:

    „Второ, итно да започне стручно чистење, испирање и дезинфекција на целата водоводна инфраструктура, проследено со независни и континуирани анализи. До потврдувањето дека водата е целосно безбедна, секој дом мора да добие чиста вода за пиење.“

    Петровска порача дека на граѓаните не им се потребни нови комисии и соопштенија дека состојбата се следи, туку конкретна акција.

    „Водата не е локално или партиско прашање. Таа е основно човеково право. Одговорна власт дава решенија, а не изговори“, заклучува таа.

    Прочитај повеќе

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31

    ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

    29.10.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.