Close Menu
Press24
    Најново

    Засилени контроли во Гостивар: Ресторани, кафулиња, градинки и болници мора да обезбедат безбедна вода

    21.07.2026 во 10:56

    Трагедија го потресе регионот: Четиригодишно момче се удави во аквапарк

    21.07.2026 во 10:48

    Хоџа: Филтер-станицата во Вруток повеќе од 10 години е под управување на „Комуналец“

    21.07.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени контроли во Гостивар: Ресторани, кафулиња, градинки и болници мора да обезбедат безбедна вода
    • Трагедија го потресе регионот: Четиригодишно момче се удави во аквапарк
    • Хоџа: Филтер-станицата во Вруток повеќе од 10 години е под управување на „Комуналец“
    • Крвав инцидент во Грција: Избодени двајца туристи
    • Агенцијата за нафтени резерви под лупа: Ревизија откри проблеми со платите и работното време
    • (ВИДЕО) Игор Џамбазов објави снимка од невремето во Дојран: „Како од некој научно-фантастичен филм“
    • Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот е развоен документ, а не последица на проблеми со јавните финансии
    • Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Засилени контроли во Гостивар: Ресторани, кафулиња, градинки и болници мора да обезбедат безбедна вода

    Засилени контроли во Гостивар: Ресторани, кафулиња, градинки и болници мора да обезбедат безбедна вода

    21.07.2026 во 10:562 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи ниту за пиење ниту за подготовка на храна сè додека не бидат готови лабораториските анализи и не се потврди нејзината безбедност, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.

    Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Миланов информира дека инспекциските служби на АХВ веќе вршат засилени контроли кај рестораните, угостителските објекти, градинките, болниците и другите институции.

    „Рестораните и сите оператори со храна мора да обезбедат безбедна вода. Сè што доаѓа во контакт со храната, приборот и процесот на подготовка мора да биде соодветно обезбедено. Доколку се утврдат неправилности, ќе следуваат санкции“, рече Миланов.

    Тој нагласи дека забраната важи и за техничка употреба на водата, сè до добивањето на официјалните лабораториски резултати.

    Во однос на информациите од Обвинителството дека во водата биле пронајдени 2.419 колиформни бактерии на 100 милилитри, Миланов не сакаше да ги коментира бројките додека не завршат анализите.

    „Тоа е предмет на истрага на МВР, криминалистичката полиција и Основното јавно обвинителство. Она што секој разумен човек го знае е дека вакво нешто не смеело да се случи“, изјави директорот.

    За причините за загадувањето и наводите дека спорниот приклучок бил поставен за зголемување на притисокот во системот, Миланов рече дека тоа ќе го утврдат надлежните истражни органи.

    Во меѓувреме, институциите обезбедуваат дополнителни количини вода за жителите на Гостивар. Според Миланов, Владата обезбедила околу 50 тони вода, а производителите на флаширана вода веќе вршат дистрибуција.

    Тој очекува во најкус можен рок системот да биде исчистен и граѓаните повторно да добијат безбедна вода за пиење.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Хоџа: Филтер-станицата во Вруток повеќе од 10 години е под управување на „Комуналец“

    21.07.2026 во 10:42

    Агенцијата за нафтени резерви под лупа: Ревизија откри проблеми со платите и работното време

    21.07.2026 во 10:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.