Close Menu
Press24
    Најново

    Паднати дрва и бандери, пожари и штети – Невреме направи пустош и во Куманово и Старо Негоричане

    21.07.2026 во 10:01

    Момче јадело колбас и починало, сè започнало со убод од крлеж

    21.07.2026 во 09:56

    (ФОТО) Кратко невреме ја зафати и Крива Паланка: Паднати дрвја на повеќе локации, пожарникарите и службите на терен

    21.07.2026 во 09:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паднати дрва и бандери, пожари и штети – Невреме направи пустош и во Куманово и Старо Негоричане
    • Момче јадело колбас и починало, сè започнало со убод од крлеж
    • (ФОТО) Кратко невреме ја зафати и Крива Паланка: Паднати дрвја на повеќе локации, пожарникарите и службите на терен
    • Забраната за водата во Гостивар останува: АХВ открила диви пумпи кои внесувале вода од Вардар
    • ДУИ: За првпат од 2007 година, Македонската радио-телевизија нема ниту еден директор Албанец
    • Трамп активира закон стар речиси 100 години
    • Министерот Хоџа: Нема компромис за труењето во Гостивар – Не смее да има прикривање на одговорноста
    • СДСМ со реакција до власта: ВМРО ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднати дрва и бандери, пожари и штети – Невреме направи пустош и во Куманово и Старо Негоричане

    Паднати дрва и бандери, пожари и штети – Невреме направи пустош и во Куманово и Старо Негоричане

    21.07.2026 во 10:012 Mins Read
    ТППЕ Старо Нагоричане
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град предизвика пожари, материјални штети и прекини во електроснабдувањето во Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

    Кумановската противпожарна единица вчера интервенирала во селата Челопек и Руѓинце, каде гаснела опожарена куќа и пожар на житни површини. Пожарникарите дополнително отстраниле паднато дрво врз возило на булеварот „Октомвриска револуција“, а интервенирале и на пожар на улицата „Индустриска“.

    Голема интервенција имала и Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане, која од 13:37 часот со три противпожарни возила и 12 пожарникари гаснела пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селата Степанце и Добрача.

    Во гаснењето се вклучиле и екипи од Шумското стопанство Куманово, припадници на полицијата, пожарникари од Ранковце, како и два авиона за гаснење. Пожарот бил ставен под контрола по врнежите од дожд.

    Во Старо Нагоричане, поради спојување на електрични жици предизвикано од силниот ветер, биле регистрирани пожари и во селата Канарево, Пузајка, Руѓинце, Жегљане и Челопек.

    Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информираат дека околу 17:30 часот регионот бил погоден од силно невреме, по што на бројот 112 биле примени повеќе пријави за прекини на електрична енергија, паднати дрвја и бандери, искрење и скинати електрични кабли, како и паднат лимен покрив од зграда на улицата „Лесковачка“.

    Невремето со силен ветер и дожд ја зафатило и Општина Липково, каде исто така биле пријавени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Кратко невреме ја зафати и Крива Паланка: Паднати дрвја на повеќе локации, пожарникарите и службите на терен

    21.07.2026 во 09:41

    Забраната за водата во Гостивар останува: АХВ открила диви пумпи кои внесувале вода од Вардар

    21.07.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.