Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Хоџа: Нема компромис за труењето во Гостивар – Не смее да има прикривање на одговорноста

    21.07.2026 во 09:31

    СДСМ со реакција до власта: ВМРО ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот

    21.07.2026 во 09:26

    ФОТО: Ветрот корнеше дрва и во Струмица – Невремето направи хаос низ Македонија

    21.07.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Хоџа: Нема компромис за труењето во Гостивар – Не смее да има прикривање на одговорноста
    • СДСМ со реакција до власта: ВМРО ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот
    • ФОТО: Ветрот корнеше дрва и во Струмица – Невремето направи хаос низ Македонија
    • ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Органите не работат според чувствата на Филипче, туку според факти и докази
    • Полицијата два дена со посебен режим и контроли на улиците во Охрид
    • ВРЕДИ кон Ахмети и Таравари: „Врв на цинизмот е да бараат поддршка, а Гостивар нема вода за пиење“
    • Смртоносни поплави го погодија североисточен Авганистан – најмалку 20 загинати и стотици исчезнати
    • ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата избира блокади наместо реформи во интерес на државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот Хоџа: Нема компромис за труењето во Гостивар – Не смее да има прикривање на одговорноста

    Министерот Хоџа: Нема компромис за труењето во Гостивар – Не смее да има прикривање на одговорноста

    21.07.2026 во 09:312 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа побара целосно расчистување на случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар и утврдување одговорност за сите кои со своето дејствување или непостапување придонеле за состојбата.

    „Ова е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и кривична и морална одговорност за сите инволвирани. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси ниту прикривање на одговорноста“, изјави Хоџа на прес-конференција во Владата.

    Тој посочи дека надлежните институции будно го следат развојот на ситуацијата и изрази загриженост за граѓаните од Полошкиот регион кои имаат здравствени последици поради случајот.

    Хоџа нагласи дека снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на водоводните системи, како и собирањето и третманот на отпадните води се во надлежност на општините и јавните комунални претпријатија. Според него, локалните власти се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи и за заштитата на санитарните зони околу водните извори.

    Министерот увери дека Владата ги презема сите мерки во рамки на своите надлежности и ќе продолжи да постапува сè до целосно расчистување на случајот. Тој посочи дека контролата на квалитетот на водата за пиење е законска обврска и на Центрите за јавно здравје, кои треба континуирано да ја следат исправноста на водата и навремено да ги информираат јавноста и институциите при ризик по здравјето.

    Хоџа додаде дека во земјава се спроведува голем инвестициски циклус за подобрување на водоснабдувањето, канализациските системи, пречистителните станици и заштитата на животната средина, но нагласи дека инвестициите не се доволни без професионално и одговорно работење на институциите.

    „Нашата обврска е да ја заштитиме животната средина, но пред сè здравјето на граѓаните. Очекуваме брза, темелна и транспарентна истрага, целосно расчистување на случајот и соодветна одговорност за сите инволвирани“, рече Хоџа.

    На прес-конференцијата во Владата присуствуваа и портпаролката Марија Митева, директорката на Инспекторатот за животна средина Ивана Гиновска и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со реакција до власта: ВМРО ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот

    21.07.2026 во 09:26

    ФОТО: Ветрот корнеше дрва и во Струмица – Невремето направи хаос низ Македонија

    21.07.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.