Невреме вчера зафати делови на Македонија, а погодена беше и Струмица. Невремето предизвика повеќе штети при што пожарникарите-спасители интервенираа во поширокиот Струмички регион.
-Силниот ветер и неповолните временски услови предизвикаа неколку настани на кои интервенираа екипите на ТППЕ Струмица. Регистрирани се:
пожар на штала во с. Висока Маала,
пожар на сува трева во с. Муртино,
отстранување на паднато дрво на коловоз во с. Ново Село.
Пожарникарите-спасители навремено интервенираа на сите локации со цел да се спречи поголема материјална штета и да се обезбеди безбедноста на граѓаните.
Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни по невреме, да избегнуваат движење во близина на оштетени дрвја, електрични водови и други потенцијално опасни места, а секој забележан пожар или опасност веднаш да го пријават на 112 или 193, стои во соопштението на „Пожарникари-Струмица”.
И наку, невреме го зафати вчера и Стар Дојран. Силно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и град синоќа го зафати Стар Дојран, при што беа откорнати десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот.
Паднати јавори, борови, багреми и црници предизвикаа материјална штета, оштетувајќи настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и покрив на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа локалните власти.
Од Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ соопштија дека нивните екипи веднаш излегле на терен, каде затекнале паднати големи дрвја во градскиот парк, на игралиштето со справи за вежбање, кај детскиот рингишпил на шеталиштето, во близина на хотелот „Романтик“ и пицеријата „Вавилон“.

