Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претепани сопруги завршиле во болница, деца спречиле татко да ја истепа мајката – Семејното насилство во Македонија не запира

    Претепани сопруги завршиле во болница, деца спречиле татко да ја истепа мајката – Семејното насилство во Македонија не запира

    21.07.2026 во 08:562 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири случаи на семејно насилство биле пријавени во Виница, Кочани и Гевгелија, при што полицијата презела мерки против пријавените лица.

    На 19 јули 2026 година во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода И.Н. (39), постапувајќи по пријава дека претходната вечер околу 23:00 часот во семејниот дом се обидел физички да ја нападне својата 35-годишна сопруга, но бил спречен од нивните деца. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, а по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

    Истиот ден во 14:05 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле службен разговор со З.М. (39) од Кочанско, по пријава дека на 18 јули околу 19:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во Гевгелија, на 19 јули во 21:35 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Љ.М. (67). Според пријавата, тој агресивно се однесувал кон својата 66-годишна сопруга, а претходната вечер во семејниот дом физички ја нападнал, при што ѝ нанел повреди. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

    Ноќеска, на 20 јули 2026 година во 03:45 часот, полицијата во Гевгелија го лишила од слобода и М.М. (49). Според пријавеното, тој во текот на ноќта меѓу 19 и 20 јули, во свој имот во атарот на Богданци, физички ја нападнал својата 44-годишна вонбрачна партнерка, нанесувајќи ѝ повреди.

    И М.М. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на сите настани, против пријавените лица ќе следуваат соодветни пријави.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59

    Тинејџер ја натепал баба му

    23.09.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.