На 19 јули 2026 година во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.С. (47) од Тетово, по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани кон својот 76-годишен татко и оштетил дел од покуќнината.
По приведувањето, на О.С. му било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека во крвта има 3,22 промили алкохол.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

