Close Menu
Press24
    Најново

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Се отвори небото” во Србија, со лопати го собирале градот кој паѓал – Силно невреме ја погоди и Македонија, се најавува ново

    „Се отвори небото” во Србија, со лопати го собирале градот кој паѓал – Силно невреме ја погоди и Македонија, се најавува ново

    21.07.2026 во 08:412 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силно невреме вчера ја зафати југозападна Србија, проследено со силен дожд, ветер, град и грмотевици кои направија големи штети.

    Најмногу погодени од градот се селата Божетичи и Штитково над Нова Варош, како и селото Куќани, кое се наоѓа од другата страна на реката Увац. Како што раскажал еден жител, ова е вторпат годинава да паѓа град. Првпат земјоделските посеви некако „преживеале“, но денешното невреме целосно ги уништило.

    – Удираше многу силно! Се отвори небото. Од мака не можев ни да гледам како паѓа. Со лопати го собираме мразот од градот – изјавил жител од маалото Луковиќи.

    Најголема штета, според мештаните, е направена на зеленчуковите насади, а силниот дожд предизвикал оштетувања и на селските макадамски патишта.

    Инаку, невреме какво што жителите не паметат и во саботата го погоди Кокин Брод, каде освен градот, силниот ветер корнеше дрвја и откриваше покриви на куќи. Поради паднати дрвја, магистралниот пат кон Црна Гора беше блокиран.

    Силно невреме вчера беснееше и во Македонија. Силно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и град синоќа го зафати Стар Дојран, при што беа откорнати десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот.

    Паднати јавори, борови, багреми и црници предизвикаа материјална штета, оштетувајќи настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и покрив на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа локалните власти.

    Од Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ соопштија дека нивните екипи веднаш излегле на терен, каде затекнале паднати големи дрвја во градскиот парк, на игралиштето со справи за вежбање, кај детскиот рингишпил на шеталиштето, во близина на хотелот „Романтик“ и пицеријата „Вавилон“.

    Поради паднато дрво на главниот пат, сообраќајот извесен период се одвивал само по една коловозна лента. Во делови од градот неколку часа имало и прекин на електричната енергија од безбедносни причини.

    УХМР и за денеска најавува пеколно топло време, но и невреме во Македонија со силен ветер, дожд, грмотевици и изолирана појава на град. Ново невреме се најавува и во Србија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.