Силниот ветер што вечерва го зафати Скопје предизвика повеќе проблеми, меѓу кои паднати дрвја на улици и јавни површини, како и скинат електричен кабел.
Од општината потврдија дека при еден од инцидентите е повредена граѓанка, на која ѝ е укажана соодветна помош.
-Во тек сме со случувањата и нејзината здравствена состојба преку надлежните служби, додаваат од Општина Карпош.
Екипите на Општина Карпош веднаш излегоа на терен и успешно интервенираа на улиците „Јуриј Гагарин“, „Драгиша Мишовиќ“ и на плоштадот „Делфина“, каде што ги расчистија паднатите дрвја. Исто така, на улицата „Каирска“ бр. 43 беше отстранет скинатиот кабел, со што е елиминирана потенцијалната опасност, соопшти прес службата на општина Карпош.
Во моментов не постои опасност за граѓаните, а сите критични локации др расчистени. Општинските служби и понатаму се на терен и подготвени да интервенираат каде што е потребно.

