Close Menu
Press24
    Најново

    Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“

    29.10.2026 во 17:35

    МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана

    29.10.2026 во 17:26

    Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева за состојбата во Гостивар: Нема да има селективност, ќе се санкционира секоја одговорност за водата

    Митева за состојбата во Гостивар: Нема да има селективност, ќе се санкционира секоја одговорност за водата

    20.07.2026 во 14:193 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата најави дека нема да дозволи никаков компромис или селективност во лоцирањето на одговорноста за епидемијата и загадувањето на водата во Гостивар.

    Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција истакна дека државните органи реагирале веднаш по првите сигнали за опасност по здравјето на граѓаните.

    Митева ги образложи првичните чекори за координација меѓу различните здравствени и инспекциски сектори на терен:

    „Почитувани,

    Сакам да ја информирам јавноста дека Владата од првиот момент кога беа добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагираше брзо, координирано и институционално, со единствен приоритет, заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедно снабдување со вода.

    Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и останатите институции кои имаат надлежности во овој процес.“

    Таа потврди дека хуманитарната помош во флаширана вода за пиење ќе продолжи да пристигнува во Гостивар и во наредните денови.

    „Паралелно со преземањето на мерките за заштита на населението, Владата одлучи да обезбеди 50.000 литри вода за граѓаните на Гостивар, со цел во ниту еден момент да не биде доведено во прашање снабдувањето и потребата на граѓаните, како и вчера така и во идните денови ќе продолжиме со оваа помош.

    Во вакви ситуации, најважно е институциите да постапуваат брзо, одговорно и професионално. Токму тоа и го правиме, иако многу од надлежностите се под надлежност на локалната самоуправа. Но, исто толку важно е и да се утврдат причините за настанатата состојба.“

    Според нејзините зборови, во моментов се вршат опсежни контроли и лабораториски анализи за да се откријат причините кои доведоа до оваа криза.

    „Затоа, надлежните институции се на терен, се спроведуваат инспекциски контроли, се земаат примероци, се вршат лабораториски анализи и се прибира целокупната документација.

    Очекуваме целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности кои довеле до оваа состојба. Било каква одговорност која ќе се утврди, институционална, службена или индивидуална таа ќе биде соодветно санкционирана.

    Нема да има селективност, ниту компромис кога станува збор за здравјето на граѓаните.“

    Портпаролката апелираше за одговорно информирање на јавноста и ги најави деталните рефератски извештаи од министерот за здравство и челниците на надлежните служби.

    „Во оваа фаза најважно е јавноста да добива точни, проверени и навремени информации, без шпекулации.

    За таа цел, денес со нас се министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, и директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски, кои ќе дадат подетални информации околу почетокот до денес какви се информациите со кои што располагаат владините институции.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    29.10.2026 во 16:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.