Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ за труењето во Гостивар: Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност

    20.07.2026 во 13:24

    Фекални колиформни бактерии и зголемено присуство на хлор во водата во гостивар, покажаа анализите на ИЈЗ

    20.07.2026 во 13:16

    Хорор во Пробиштип: Со закани и електрошок изнудил 110.000 денари од три жени

    20.07.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ за труењето во Гостивар: Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност
    • Фекални колиформни бактерии и зголемено присуство на хлор во водата во гостивар, покажаа анализите на ИЈЗ
    • Хорор во Пробиштип: Со закани и електрошок изнудил 110.000 денари од три жени
    • ЦУК: Активни пожари во Новаци и кај автопатот Тетово-Гостивар
    • Мицкоски: Добрите времиња се пред нас
    • Мицкоски со лоша вест за опозицијата
    • Приведени 13 лица во голема акција на МВР против трговијата со дрога
    • Општина Центар отвора нов Дневен центар за лица со попреченост
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ за труењето во Гостивар: Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност

    СДСМ за труењето во Гостивар: Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност

    20.07.2026 во 13:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски вели дека локалната власт во Гостивар треба да поднесе морална одговорност за труењето, велат од СДСМ. 

    „Ова е уште еден обид за бегство од одговорност. 

    Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој.

    Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето во Гостивар од толку голем обем. 

    Информацијата за труењето и загаденоста на водата се криеше 5 дена, системот, надлежните институции не реагираа навреме. 

    Но, ова не е само случај на лошо управување. Ова е дел од пошироката слика – отсуство на реформи во секоја област, особено во правосудството и целосна контрола врз институциите.

    Затоа и нема реформи. Затоа што Мицкоски не сака независно судство и обвинителство. 

    Затоа што сака да може преку собраниска говорница, медиуми и телефон да нарача политички пресметки. 

    Затоа Европската унија враќа закони, а Европската комисија во извештаите ја опишува катастрофалната состојба во судството и обвинителството.

    Затоа Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност. 

    Затоа што добро знае дека ако се отвори прашањето за кривична одговорност, прв на ред ќе биде тој, а потоа и целата негова Влада заедно со партнерите од тендер-коалицијата.

    Сите тие знаат каде завршуваат – во Шутка и Идризово“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Добрите времиња се пред нас

    20.07.2026 во 12:46

    Мицкоски со лоша вест за опозицијата

    20.07.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.