Во изминатиот период полицијата лиши од слобода тројца возачи кај кои било утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол.
На 18.07.2026 година во 21:12 часот, на регионалниот пат кај струшкото село Калишта, од слобода бил лишен Н.Б. (45) од Струга, кој претходно, управувајќи возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода. При увидот, кај него биле констатирани 2,56 промили алкохол во крвта. По налог на јавен обвинител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Истиот ден во 14:20 часот, во село Прељубиште, општина Јегуновце, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце запреле возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.С. (67) од истото село. При алкотестирање било утврдено присуство на 2,14 промили алкохол во крвта. По консултација со јавен обвинител од ОЈО Тетово, возачот бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава за истото кривично дело.
На 19.07.2026 година во 01:35 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.М. (28) од Кочани. При контрола во сообраќајот, тој бил запрен додека управувал возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, а по извршеното мерење било утврдено дека возел под дејство на алкохол со 1,99 промили во крвта.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

