Close Menu
Press24
    Најново

    Над 300 прегледи во гостиварската болница: Се чекаат резултатите, се дели бесплатна вода за граѓаните

    20.07.2026 во 10:02

    Бројот на загинати во разорните земјотреси во Венецуела се искачи над 5.200 жртви

    20.07.2026 во 09:55

    СДСМ: Наместо намалување, граѓаните добија ново поскапување на горивата

    20.07.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 300 прегледи во гостиварската болница: Се чекаат резултатите, се дели бесплатна вода за граѓаните
    • Бројот на загинати во разорните земјотреси во Венецуела се искачи над 5.200 жртви
    • СДСМ: Наместо намалување, граѓаните добија ново поскапување на горивата
    • Драма во Јордан: Евакуирани аеродромот и пристаништето во Акаба поради веродостојна закана
    • МВР ја потврди трагедијата кај Блаце: Маж и две жени пронајдени мртви во „мерцедес“
    • Подгответе се за гужви: Три дена посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Страшна несреќа во океанот: Потона ферибот со 116 патници, спасени се само осум лица
    • ВМРО-ДПМНЕ: Решени наследени долгови и започнати реформи во културата и туризмот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над 300 прегледи во гостиварската болница: Се чекаат резултатите, се дели бесплатна вода за граѓаните

    Над 300 прегледи во гостиварската болница: Се чекаат резултатите, се дели бесплатна вода за граѓаните

    20.07.2026 во 10:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции кои треба да ја утврдат причината за појавата на зголемен број лица со стомачни тегоби.

    Од синоќа преку владините служби започна дистрибуција на вода за пиење, а во акцијата се вклучија и поединци и компании. Според директорот на СОЗР, Ивица Томовски, на дневно ниво во Гостивар ќе се доставуваат 50 илјади литри пакувана вода.

    Епидемиолозите вчера прогласија епидемија поради зголемениот број граѓани кои побарале медицинска помош со симптоми на гастроентероколит.

    Од Министерството за здравство информираат дека здравствените институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на состојбата.

    Во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар биле регистрирани 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица биле хоспитализирани. На Педијатриското одделение биле извршени 140 прегледи, од кои 105 нови и 35 контролни, додека во Ургентниот центар имало девет прегледи.

    Од Министерството посочуваат дека кај најголемиот број пациенти клиничката слика е лесна, а бројот на хоспитализирани лица останува низок. Сепак, поради зголемениот број заболени во краток временски период, состојбата се третира како активен епидемиски настан и се спроведуваат епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности.

    По прогласувањето на епидемијата, Центарот за јавно здравје Гостивар врши теренски увиди, епидемиолошки анкети и собирање податоци од заболените. Досега се доставени околу 140 формални пријави за заразна болест, кои ги обработуваат епидемиолошките тимови на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно здравје.

    Во истрагата се вклучени и лабораториски испитувања на примероци од пациенти, анализи на водата и проценка на можните извори на зараза, како и надзор над водоснабдувањето и санитарно-хигиенските услови.

    Надлежните институции координираат активности со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и локалните власти.

    За денеска е најавена прес-конференција во владиниот прес-центар, на која се очекува да бидат презентирани резултатите од испитувањата на водата од градскиот водовод и дополнителни информации за состојбата во Гостивар.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Наместо намалување, граѓаните добија ново поскапување на горивата

    20.07.2026 во 09:37

    МВР ја потврди трагедијата кај Блаце: Маж и две жени пронајдени мртви во „мерцедес“

    20.07.2026 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.