Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Страшна несреќа во океанот: Потона ферибот со 116 патници, спасени се само осум лица

    Страшна несреќа во океанот: Потона ферибот со 116 патници, спасени се само осум лица

    20.07.2026 во 09:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ферибот во кој се превезувале вкупно 116 патници и членови на екипажот потона во текот на изминатата ноќ во близина на брегот на Гвајана.

    Досегашните спасувачки екипи успеале да пронајдат и да извлечат од водата само осум преживеани лица, потврдија тамошните власти.

    Министерот за јавни работи на оваа земја, Хуан Едгил, излезе со официјални детали за текот на патувањето и моментот кога бродот почнал да тоне.

    „Околу 15:15 часот по локално време вчера попладне фериботот ’Барима‘ (MV Barima) исплови од Џорџтаун со 116 патници и со членовите на екипажот кон Порт Кајтума во западниот дел на Гвајана. Во 23:01 часот беше примен повик за помош од бродот. Веднаш беа активирани спасувачки операции со државни и со приватни ресурси. Потрагата по преживеани продолжува со полн капацитет, а во оваа почетна фаза успеавме да спасиме осум лица“, изјави ресорниот министер во видеообраќање објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“.

    Властите во Гвајана сè уште немаат официјални информации за причините поради кои дошло до потонување на бродот.

    Во моментов нема прецизни податоци ниту за судбината на преостанатите 108 лица кои сè уште се водат како исчезнати.

    Државните и приватните тимови продолжуваат со пребарување на акваторијата во обид да лоцираат нови преживеани.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија

    20.09.2026 во 13:35

    „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит

    20.09.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.