На 15 јули 2026 година во 23:30 часот во СВР Скопје, М.Ѓ. (20) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк била нападната и ограбена од две лица.
Според пријавата, лицата и одзеле мобилен телефон и чанта во која имало пари и лични документи.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

