Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Државата ќе го средува патот кај Теферич, Град Скопје и Кисела Вода немаат капацитет

    Државата ќе го средува патот кај Теферич, Град Скопје и Кисела Вода немаат капацитет

    16.07.2026 во 13:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државата итно го презема решавањето на долгогодишниот и опасен проблем со огромното свлечиште на патниот правец кон Теферич во општина Кисела Вода. Како што денеска соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, веќе во текот на претстојната недела ќе биде официјално објавен јавниот повик за избор на градежна фирма која ќе изврши стабилизација и санација на овој критичен терен.

    Одлуката на централната власт да го менаџира овој инфраструктурен предизвик доаѓа по јасната проценка дека локалните капацитети не се доволни за вака комплексен зафат. Како што уверуваат од ресорното министерство, веќе е изработен деталниот проект за стабилизација, со план сите градежни работи на терен да бидат целосно завршени уште пред почетокот на претстојната зимска сезона.

    Според информациите од теренот, одлуката за одземање на ингеренциите за овој проект е донесена на последната владина седница, откако се утврдило дека Општина Кисела Вода и Град Скопје немаат доволно средства ниту механизација за трајно надминување на овој сериозен ризик по безбедноста на граѓаните.

    „Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку поголема од возможностите и капацитетите што ги имаат Општина Кисела Вода и Град Скопје. Затоа премиерот Мицкоски реализира една координација на работна средба помеѓу нас, Општината и Градот. И овој вторник, на седница на Владата, донесовме одлука, со која целокупниот проект го презеде Министерството за транспорт. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам најбргу што може, а тоа е непосредно следната недела, да излезе тендерот за избор на изведувач. Потоа, некаде за месец-месец и пол, кога ќе се избере изведувач, да можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена, така што целокупната проблематика ја презеде Владата преку Министерството за транспорт“ – изјави Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општна Кисела Вода.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.