Close Menu
Press24
    Најново

    Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси: В понеделник ќе се знае сѐ

    16.07.2026 во 12:26

    Кузеска: „Талир 2“ е доказ за партизирано правосудство и спасување на Груевски

    16.07.2026 во 11:47

    Кузманоска: Компаниите можат да добијат до 250.000 денари за секое ново вработување

    16.07.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси: В понеделник ќе се знае сѐ
    • Кузеска: „Талир 2“ е доказ за партизирано правосудство и спасување на Груевски
    • Кузманоска: Компаниите можат да добијат до 250.000 денари за секое ново вработување
    • Манасиевски: Имавме простор за договор но од опозицијата го блокираа Изборниот законик за да се претстават како жртви
    • ВИДЕО+ФОТО: Царината со голема заплена – Спречи шверц на 2.000 вијали со медицински раствор
    • До 55.000 денари поддршка за гасификација на домаќинствата во Куманово
    • Викенд временска прогноза: Живата оди до 40 степени, спремете се за пеколни температури
    • Преку 30 степени уште претпладне – Пекол низ Македонија, Скопје меѓу најтоплите места
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси: В понеделник ќе се знае сѐ

    Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси: В понеделник ќе се знае сѐ

    16.07.2026 во 12:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски сепак не открива кои се компаниите и вели, в понеделник ќе се знае откако ќе го добие извештајот од Комисијата за евалуација.„Во понеделник ќе го добијам извештајот, можам да кажам дека четири компании аплицирале. Навистина се надевам дека овојпат повикот ќе биде успешен и дека ќе имаме успешна набавка на автобусите. Имајќи ги предвид искуствата од минатиот повик, се надевам дека е поука и за компаниите да понудат добра и квалитетна документација“, изјави Николоски.

    На прашањето дали станува збор за европски компании и дали меѓу нив има учесници од претходниот оглас, Николоски рече дека не располага со тие информации, бидејќи не сакал да влијае врз работата на Комисијата.

    „Законот вели дека се формира Комисија, составена од претставници на Министерството за транспорт и Машинскиот факултет, а министерот е известен со извештај. Токму затоа што оваа постапка побудува голем интерес, не сакам на ниту еден начин ниту да влијаам, ниту да се мешам во работата на Комисијата. Во моментот кога ќе го добијам извештајот, тој ќе биде споделен со јавноста“, посочи тој.

    Повторениот тендер беше распишан откако претходната постапка за набавка беше поништена. Според тендерската документација, автобусите треба да бидат во црвена или бела боја, со најмалку 30 седишта плус возачкото, капацитет за најмалку 66 патници, место за инвалидска количка и мануелна пристапна платформа. Полначите треба да имаат моќност од најмалку 120 kW по приклучно место, а избраниот оператор ќе треба да обезбеди четиригодишна гаранција и редовно одржување на автобусите и станиците за полнење.

    Сто од електричните автобуси треба да го подобрат јавниот превоз во Скопје, а 50 ќе добијат неколку другите градови.

    Прочитај повеќе

    Кузеска: „Талир 2“ е доказ за партизирано правосудство и спасување на Груевски

    16.07.2026 во 11:47

    Кузманоска: Компаниите можат да добијат до 250.000 денари за секое ново вработување

    16.07.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.