Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО+ФОТО: Царината со голема заплена – Спречи шверц на 2.000 вијали со медицински раствор

    ВИДЕО+ФОТО: Царината со голема заплена – Спречи шверц на 2.000 вијали со медицински раствор

    16.07.2026 во 11:302 Mins Read
    Царина
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото.

    -Со оваа акција Царинската управа јасно ги покажува своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив. Вијалите се запленети, а против сторителот од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик. велат од Царина.

    Сторителот, косовски државјанин, вработен како возач во косовска транспортна компанија вршел транспорт на алуминиумски профили на релација Турција – Косово и истиот е застанат за контрола од страна мобилниот тим на граничен премин Деве Баир. На прашањето дали има нешто за пријавување освен стоката што е декларирана, возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, по што, поради сомневање е спроведена детална контрола.

    Вијалите, вкупно две илјади парчиња, спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригиналното пакување, се пронајдени на различни места во кабината на возилото – во горниот кревет, во фабричката шуплина, во просторот над возачкото седиште, како и во личниот багаж пронајден во долниот кревет.

    -Апелираме дека секој обид за загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде најстрого санкциониран. Медицинските препарати, во случајот вијали со раствор „Гадонанс 7.5 мл“ кој се инјектира венски при магнетна резонанца, подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани температурни и безбедносни услови за чување и транспорт. Годинава Царинска управа спречи 13 обиди за криумчарење и заплени вкупно 29 илјади парчиња лекови и медицински препарати, велат од Царината преку соопштение за јавноста.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо

    25.08.2026 во 22:26

    OnlyFans има само 47 вработени – лани направиле над 700 милиони долари профит

    25.08.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.