На 15.07.2026 во 15:20 часот во селото Форино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода, Ј.С. (38) и Ј.Ш. (43), двајцата од селото Семениште, општина Сарај.
При преглед во патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓале лицата, пронајдена е кеса со бела прашкаста материја.
Возилото е одземено, а по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

