Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција претресе „Голф” – Две лица веднаш приведени

    16.07.2026 во 11:01

    Жената го намамила доктор Трповски, сопругот го усмртил – 30 дена притвор за сопружниците

    16.07.2026 во 10:58

    Мајката на малолетничката која почина по пад од лулашка во Гостивар: „Барам да се открие кој е човекот што ја лулал”

    16.07.2026 во 10:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонската полиција претресе „Голф” – Две лица веднаш приведени
    • Жената го намамила доктор Трповски, сопругот го усмртил – 30 дена притвор за сопружниците
    • Мајката на малолетничката која почина по пад од лулашка во Гостивар: „Барам да се открие кој е човекот што ја лулал”
    • Туристи забележале мечка – Националниот Парк Галичица со апел до граѓаните
    • Македонски државјанин почина во притвор во Валона
    • „Паркинзи на Општина Центар“ под ревизорски лупа: Не уплатиле 86,3 милиони денари комунална такса
    • ДЗС ги мобилизира доброволните пожарникари за брз одговор при пожари
    • Левица обвинува: Пропадна изборната реформа, најголемите партии ќе поделат 10 милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жената го намамила доктор Трповски, сопругот го усмртил – 30 дена притвор за сопружниците

    Жената го намамила доктор Трповски, сопругот го усмртил – 30 дена притвор за сопружниците

    16.07.2026 во 10:58Updated:16.07.2026 во 11:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трпковски, кое се случи во март 2024 година во скопската населба Автокоманда, добија 30-дневен притвор.

    Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека мерката е определена поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци.

    Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека по спроведена истрага и обезбедени докази во соработка со Министерството за внатрешни работи е расветлено убиството на лекарот.

    Според обвинителството, 65-годишниот маж е осомничен дека го извршил кривичното дело „убиство“, додека неговата 59-годишна сопруга се товари за помагање при извршувањето на делото.

    Од истрагата произлегува дека жената претходно договорила средба со докторот на паркинг во Автокоманда. По нејзиното влегување во возилото, пристигнал нејзиниот сопруг, кој според сомнежите на обвинителството го нападнал докторот со нож, нанесувајќи му смртоносни повреди.

    По настанот, осомничените, според обвинителството, го префрлиле телото во возилото и го оставиле кај Поликлиниката Железара, а потоа се обиделе да отстранат траги.

    Обвинителката Елена Жакула изјави дека обвинителството располага со цврсти докази против сопружниците, додека мотивот за делото допрва ќе се утврдува.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Македонската полиција претресе „Голф” – Две лица веднаш приведени

    16.07.2026 во 11:01

    Мајката на малолетничката која почина по пад од лулашка во Гостивар: „Барам да се открие кој е човекот што ја лулал”

    16.07.2026 во 10:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.