Close Menu
Press24
    Најново

    Мајката на малолетничката која почина по пад од лулашка во Гостивар: „Барам да се открие кој е човекот што ја лулал”

    16.07.2026 во 10:54

    Туристи забележале мечка – Националниот Парк Галичица со апел до граѓаните

    16.07.2026 во 10:44

    Македонски државјанин почина во притвор во Валона

    16.07.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мајката на малолетничката која почина по пад од лулашка во Гостивар: „Барам да се открие кој е човекот што ја лулал”
    • Туристи забележале мечка – Националниот Парк Галичица со апел до граѓаните
    • Македонски државјанин почина во притвор во Валона
    • „Паркинзи на Општина Центар“ под ревизорски лупа: Не уплатиле 86,3 милиони денари комунална такса
    • ДЗС ги мобилизира доброволните пожарникари за брз одговор при пожари
    • Левица обвинува: Пропадна изборната реформа, најголемите партии ќе поделат 10 милиони евра
    • Водовод соопшти каде ќе нема вода денеска
    • Нови жаришта на сипаници кај овци и кози – АХВ уверува дека нема ризик за здравјето на луѓето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мајката на малолетничката која почина по пад од лулашка во Гостивар: „Барам да се открие кој е човекот што ја лулал”

    Мајката на малолетничката која почина по пад од лулашка во Гостивар: „Барам да се открие кој е човекот што ја лулал”

    16.07.2026 во 10:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трагедија ја потресе Македонија кога 14-годишно девојче почина по пад од лулашка во Гостивар.

    МВР информираше дека на 9 јули во 20:20 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14). Таа претходно паднала од лулашка во парк во Гостивар, по што била итно пренесена во Медицинскиот центар. И покрај напорите на лекарите, во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.

    Мајката на младата Назире, Зуфа Шерифи, во видео обраќање за Рома Прес, скршена од болка вели дека бара правда, бидејќи според неа девојчето од таа лулашка не може сама да падне и да почине.

    -„Таа беше мојата месечина… Тој ден отидоа со внучето и девојчето на девер ми кај лулките. Си купиле кифли, ми се јави, и и кажав да не седи многу. Ми рече добро, ми мавна со рака и ми кажа – Чао мамо. По некое време се јави девојчето на девер ми, да земам здравствена книшка и со такси да одам во болница, бидејќи ќерка ми била цела со крв. Кога дојдов и ја видов Назире, знаев дека девојчето ми починало”, вели жената за Рома Прес.

    Младата Назире

    – „Таа лулка треба голем човек да ја лула, за да се случи тоа! Барам да се најде човекот”, раскажува за Рома Прес Зуфа Шерифи.

    Вели дека таа веќе била во полиција.

    -„Бев во полиција, ми рекоа дека треба да се проверат камерите. Што побргу нека се проверат, ја бараме вистината, полно камери има околу лулките! Дали се земени отпечатоци од прсти? Се извршил увид на местото, имало многу крв, а не ги зеле забите, четири заби од таму ми ги донесоа соседите. Не барам ништо, никаква отштета, само да се најде кој ја лулал и да оди доживотно во затвор! Го барам човекот и се молам што побргу да се најде! Ми ја зеде мојата месечина, мојата ѕвезда”, вели мајката.

    Обвинителството по несреќата веднаш почна со итна проверка на безбедноста и начинот на одржување на сите детски реквизити во гостиварскиот парк, како и сослушување на сведоци.

    -„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција, како и насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални сведоци и проверки по однос на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето“, соопштија од Обвинителството по трагедијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Туристи забележале мечка – Националниот Парк Галичица со апел до граѓаните

    16.07.2026 во 10:44

    Македонски државјанин почина во притвор во Валона

    16.07.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.