Close Menu
    Најново

    УХМР со најнова прогноза: Познато какво не очекува во текот на викендот

    19.09.2025 во 12:05

    Драма во Берлин: Полицијата пронајде бомба, илјадници добија наредба за евакуација од своите домови

    19.09.2025 во 11:58

    Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

    19.09.2025 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • УХМР со најнова прогноза: Познато какво не очекува во текот на викендот
    • Драма во Берлин: Полицијата пронајде бомба, илјадници добија наредба за евакуација од своите домови
    • Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК
    • Гори Киев: Русите извршија стотици напади за 24 часа, одекнуваат експлозии
    • Тинејџерка од Турција приведена во Македонија – полицијата и пронајде дрога
    • Охриѓанец пронајден починат во својот дом, телото предадено на обдукција
    • Минчев: Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања ја направија преобемна и бавна администрацијата
    • Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара

    Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара

    18.09.2025 во 22:45
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американскиот претседател Доналд Трамп, на вториот ден од неговата државна посета на Велика Британија, со својот домаќин, британскиот премиер, Кир Стармер, одржа заедничка прес-конференција на која двајцата лидери оценија дека двете земји „минаа долг пат“ во своите специјални односи и дека сега ги обновија за новата ера.

    За време на билатералните разговори Трамп и Стармер денеска потпишаа договор за технолошки инвестиции, што предвидува повеќе десетици милијарди долари инвестиции на двете страни од Атлантикот .

    Стармер на почетокот изјави дека во текот на разговарите  биле отворени прашањата за  зајакнување на одбраната, дополнителната поддршка за Украина и „решително зголемување на притисокот врз Путин да се согласи на мировен договор што ќе трае“.

    Трамп повтори дека неговата цел е да ја запре руската инвазија врз Украина, признавајќи притоа дека на почетокот мислел дека тоа ќе оди „најлесно“ благодарение на неговиот однос со Владимир Путин.

    „Но, тој ме разочара. Навистина ме разочара“, рече Трамп.

    Потоа тој рече дека ќе „види како сето тоа ќе се развива“ и додаде дека верува дека ќе се постигне договор меѓу Русија и Украина, иако „никогаш не се знае во војна“.

    „Се случуваат работи што се сосема спротивни од она што го мислите, мислевте дека ќе биде лесно или тешко, а се покажува обратно“, рече Трамп.

    Запрашан дали е време да се изврши притисок врз Путин за тој да се исплаши, американскиот претседател кусо возврати „Да“.

    Трамп беше прашан од британски новинар дали погрешил што го покани Путин на Алјаска и дали се кае за тоа, на што, исто така, кусо одговори „Не“, но рече дека смета дека сега е време да се изврши притисок врз рускиот претседател, тој да се исплаши и да му се воведат санкции.

    Тој зборуваше и за други конфликти во светот во кои, како што наведува, има заслуги за мирот, а потоа се врати на конфликтот во Украина.

    „Се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести за вас“, рече Трамп и додаде „ќе ви го кажам и ова: милиони луѓе загинаа во таа војна, милиони души, а тие не се Американци. Тие се претежно војници, тие се убиваат во размер невиден од Втората светска војна. Чувствувам обврска да се осврнам на тоа поради тоа“.

    Британскиот премиер ја нагласи потребата од продолжување на зголемувањето на притисокот врз рускиот лидер, потсетувајќи на инцидентот од минатата недела кога руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    УХМР со најнова прогноза: Познато какво не очекува во текот на викендот

    19.09.2025 во 12:05

    Драма во Берлин: Полицијата пронајде бомба, илјадници добија наредба за евакуација од своите домови

    19.09.2025 во 11:58

    Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

    19.09.2025 во 11:49

    Гори Киев: Русите извршија стотици напади за 24 часа, одекнуваат експлозии

    19.09.2025 во 11:44
    последни вести
    Македонија

    УХМР со најнова прогноза: Познато какво не очекува во текот на викендот

    19.09.2025 во 12:05
    Свет

    Драма во Берлин: Полицијата пронајде бомба, илјадници добија наредба за евакуација од своите домови

    19.09.2025 во 11:58
    Бизнис

    Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

    19.09.2025 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.