Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски ги повикува СДСМ, ДУИ и Левица на зрелост: „Нека напишат Изборен законик, ние бланко ќе го поддржиме“

    15.07.2026 во 12:31

    Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно правдата е задоволена

    15.07.2026 во 12:30

    Мицкоски: Мандатот на оваа Влада е до 2028 година, но подготвени сме и на предвремени избори ако бидеме предизвикани

    15.07.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски ги повикува СДСМ, ДУИ и Левица на зрелост: „Нека напишат Изборен законик, ние бланко ќе го поддржиме“
    • Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно правдата е задоволена
    • Мицкоски: Мандатот на оваа Влада е до 2028 година, но подготвени сме и на предвремени избори ако бидеме предизвикани
    • Горештини низ цела Македонија, за викендот уште потопло – УХМР со временска за цела недела
    • Летал со владиниот авион и трошел службени пари – Обвинение против екс-директорот на СОЗР
    • Живата на термометарот над 30 степени во 11 часот – Пеколно топол ден во Македонија, па промена
    • Зајкова ја обвини власта за „политичка шизофренија“
    • Генералот Карстен Бројер во посета на македонската Армија – Средби со државниот врв
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски ги повикува СДСМ, ДУИ и Левица на зрелост: „Нека напишат Изборен законик, ние бланко ќе го поддржиме“

    Мицкоски ги повикува СДСМ, ДУИ и Левица на зрелост: „Нека напишат Изборен законик, ние бланко ќе го поддржиме“

    15.07.2026 во 12:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски изрази сериозна скептичност во однос на постигнувањето консензус со опозициските партии за донесување на Изборниот законик, со оглед на тоа што денеска истекува крајниот рок за усогласување. Тој упати директен апел за одговорност до лидерите на опозицијата, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство е подготвено без збор да го прифати секое нивно заедничко решение, под услов во него да биде обезбедено гласањето на дијаспората.

    Првиот човек на Владата децидно ги отфрли обвинувањата од опозицискиот табор дека овие законски измени не се дел од реформската агенда за приближување кон Брисел. Според неговите зборови, ваквите тврдења се веќе официјално демантирани од највисоките европски претставници за време на нивните посети на Скопје. Мицкоски обвини дека дел од опозициските субјекти свесно кочат важни процеси, но порача дека стратешкиот пат на државата кон ЕУ нема да запре.

    За време на денешната посета на општина Сарај, премиерот Мицкоски детално ја образложи позицијата на владината коалиција во однос на тековниот ќор-сокак во кој се наоѓаат преговорите меѓу партиите.

    „Не сум оптимист затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата. Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став и на маса им кажавме – еве, договорете се, напишете го, донесете го, сè додека гласањето на дијаспората е вклучено во него, ние бланко ќе го поддржиме. Поминаа денови, тие се натегаат кој кого ќе го викне и каде ќе се одржи тој состанок помеѓу опозицијата. Јас денеска, еве, ги повикувам на зрелост, на одговорност, и претседателите на ДУИ, на СДСМ, на Левицата, крилото на Зијадин Села, на Арбен Таравари, да седнат заедно како опозициски партии, да се договорат и нека донесат закон во кој е вклучено гласањето на дијаспората“, изјави Мицкоски.

    Тој додаде дека доколку опозицијата најде заеднички јазик за содржината, од нивна страна нема да има никакви сопки во Собранието.

    „Владејачкото мнозинство, ќе го прифати, без воопшто да полемизира на таа тема. Еве, покоректно јас, не знам што можеме ние како Влада да направиме.“

    Прочитај повеќе

    Крадел додека бил на викенд отсуство од затвор, па го вратиле зад решетки

    10.07.2026 во 17:14

    Куршум завршил на возило во Скопје – Полицијата работи на случајот

    10.07.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.