Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доброволните пожарникари се подготвуваат за летните пожари – Денеска постројување во Аеродром

    Доброволните пожарникари се подготвуваат за летните пожари – Денеска постројување во Аеродром

    15.07.2026 во 10:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром денеска ќе се одржи постројување на доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата.

    Настанот е организиран со цел да се утврди бројот на доброволци кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на отворен простор преку Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

    Од ДЗС информираат дека директорот на Дирекцијата и командант на силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ќе ги претстави плановите и очекувањата за претстојната летна сезона, како и насоките за формирање нова внатрешна структура и хиерархија за поефикасна координација и командување со тимовите составени од доброволни пожарникари.

    Според Дирекцијата, целта на новата структура е доброволните пожарникари попрецизно, поефикасно и порационално да бидат интегрирани во системот за гаснење пожари. Се очекува таа да овозможи побрза размена на информации, поефикасно донесување одлуки, појасно пренесување на наредби и подобра дисциплина на терен.

    Ангелов ќе се осврне и на идните планови за развој на доброволното пожарникарство во земјата.

    По постројувањето ќе се одржи работен состанок на отворено, на кој доброволните пожарникари ќе имаат можност за меѓусебно запознавање, размена на искуства и дискусија за потребите и предизвиците во текот на летната сезона.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор

    25.08.2026 во 20:38

    ФОТО: Чистка во Карпош – старите коли во отпад

    25.08.2026 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.