Close Menu
Press24
    Најново

    Бизарни детали за убиството кое го потресе Скопје: Синот мислел дека е пророк, таткото бил пријавуван за насилство

    14.07.2026 во 10:10

    Падна пресуда: Високи затворски казни за тројца членови на Беланоца

    14.07.2026 во 10:01

    ВМРО-ДПМНЕ: 60 спортски проекти вредни над 21 милион еврa во две години

    14.07.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бизарни детали за убиството кое го потресе Скопје: Синот мислел дека е пророк, таткото бил пријавуван за насилство
    • Падна пресуда: Високи затворски казни за тројца членови на Беланоца
    • ВМРО-ДПМНЕ: 60 спортски проекти вредни над 21 милион еврa во две години
    • Влегол во црква за да краде – МВР приведе малолетник
    • Нова урбана опрема, игралиште и зеленило на улицата „Даме Груев“
    • Сообраќајка во Македонија: Малолетник тешко повреден, уште едно дете со повреди
    • Пијани дивееле и кршеле во кафеана – Македонската полиција интервенираше
    • ФОТО: „Летал” со 179 км/ч – МВР приведе возач, му го задржа и Мерцедесот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од Фондот за здравство во Владата: Клековски го презема ресорот здравство

    Од Фондот за здравство во Владата: Клековски го презема ресорот здравство

    14.07.2026 во 08:42Updated:14.07.2026 во 10:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието го избра Сашо Клековски за нов министер за здравство, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на реконструкцијата на Владата.

    Клековски до изборот на министерската функција беше директор на Фондот за здравствено осигурување. Тој дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има завршено и МБА академска програма на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАЦС).

    Според неговата биографија, од 2007 до 2010 година ја извршувал функцијата прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија.

    Од 2013 до 2016 година бил предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент при УАЦС, каде што на МБА студиите го предавал предметот „Претприемнички финансии“.

    Клековски учествувал и во подготовка на повеќе национални стратегии во јавниот сектор, меѓу кои првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година.

    Во неговата биографија се наведува и неговиот ангажман во јакнење на институционалните капацитети на Народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

    Од 2012 до 2024 година бил колумнист во дневниот весник „Нова Македонија“, а своите ставови ги објавувал и на блогот „Меѓутоа“.

    Изборот на Клековски е дел од кадровските промени што се реализираат во рамки на реконструкцијата на Владата.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Бизарни детали за убиството кое го потресе Скопје: Синот мислел дека е пророк, таткото бил пријавуван за насилство

    14.07.2026 во 10:10

    Падна пресуда: Високи затворски казни за тројца членови на Беланоца

    14.07.2026 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.