Close Menu
Press24
    Најново

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Исчистено игралиштето кое беше полеано со масло – Кисела Вода со засилен инспекциски надзор

    ФОТО: Исчистено игралиштето кое беше полеано со масло – Кисела Вода со засилен инспекциски надзор

    14.07.2026 во 08:19Updated:14.07.2026 во 08:213 Mins Read
    Фејсбук, Бети Стаменкоска Трајкоска
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ во скопска Кисела Вода, кое беше полеано со масло, е целосно санирано и повторно безбедно за најмладите.

    -Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Екипите на Општина Кисела Вода веднаш по пријавата излегоа на терен и ја завршија санацијата на реквизитите кои минатата седмица беа намерно уништени и полеани со моторно масло.

    Најостро го осудуваме овој чин на намерно уништување. Недозволиво е просторот каде што нашите деца треба да се радуваат и да се дружат, да биде цел на ваков срамен вандализам. Како општина, континуирано вложуваме сериозни средства за изградба на нови и обнова на постоечките игралишта, со цел да овозможиме подобри услови за сите.

    За жал, кога неодговорни поединци намерно ги оштетуваат овие капацитети, средствата кои треба да се инвестираат во нови проекти, мораме да ги пренасочуваме за поправки и чистење на веќе изграденото.

    Со цел да се спречат вакви инциденти во иднина, Општина Кисела Вода воведува засилен инспекциски надзор на јавните површини. Воедно, испраќаме силен апел до сите граѓани дека чувањето на јавните добра е наша заедничка граѓанска должност. Доколку забележите какво било деструктивно однесување, веднаш пријавете кај надлежните институции, за сторителите да бидат соодветно санкционирани.

    💚Да бидеме совесни и заедно да го чуваме просторот каде што растат нашите деца!, напиша градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

    За потсетување, во групата на Фејсбук насловена „Кисела Вода-Пријави проблем”, беа објавени фотографии од детско игралиште во населбата, полеано со уље.

    -„Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги истури со уље во паркчето каде што дечињата од најмали до најголеми се радуваат ,дали сега помирно ќе спиеш, дали совеста ќе те копка?

    Не бе другари, не е до државата, не е до општината до нас е. И после зошто младите не раѓале, зошто си заминувале од државата. Од вакви покондурени како тебе !!!!!

    Лизгалкиве се наоѓаат на ул. Ѓорги Сугаре веднаш до зградата на дабар. Се надевам дека некој ќе превземе нешто и ќе ги врати во првобитна состојба”, стои во објавата на жителка на Кисела Вода.

    Постот и фотографиите предизвикаа лавина од реакции на социјалната мрежа Фејсбук.

    „99% сум сигурен дека ова е дело на постар намќор комшија, на кого му сметаат децата што играат, што му галамат под прозор”, стои во еден од коментарите.

    „Потоа децата биле хулигани и демолирале. Еве доказ од кого учат. Секоја девијантна појава потекнува од дома”, стои во друг коментар на постот.

    „Во парк во Битола имаше измет од човек на лулашка”, стои во коментар.

    „Сега треба да се исчисти и се повеќе деца да играат, да разбере дека нема да ги тргне децата од таму”, стои во уште еден коментар.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.