Close Menu
Press24
    Најново

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојановски до Лукаревска: Реконструкција на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите

    Стојановски до Лукаревска: Реконструкција на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите

    13.07.2026 во 19:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во парламентарната демократија, реконструкција на влада е редовен демократски механизам преку кој се зајакнува капацитетот на институциите и се обезбедува нова енергија таму каде што е потребно. Затоа денешната расправа треба да биде насочена кон програмите, приоритетите и одговорноста што секој предложен министер ја презема пред граѓаните и пред ова Собрание, а не дискусија со празни демагогии,” истакна Мартин Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

    Стојановски посочи дека реконструкцијата на владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите, потенцирајќи дека единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат.

    -Независно од различните политички ставови во оваа сала, верувам дека сите сме свесни за едно, граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати, затоа оваа расправа не смее да се сведе на политички флоскули, туку на сериозна дебата за тоа какви политики се потребни за Македонија и какви резултати очекуваме од секој којшто ќе преземе јавна функција, рече Стојановски и додаде:

    „Реконструкцијата на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите. Не е успех ниту неуспех сама по себе. Единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето секојдневие.”

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.