Close Menu
Press24
    Најново

    Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

    13.07.2026 во 18:15

    Бојковска до Лукаревска: Треба да имате дигнитет за да зборувате за кадровски решенија, владата на СДС ќе остане запаметена по тендерите на Филипче и пасошите кои ги дававте на белосветските криминалци

    13.07.2026 во 17:45

    Талески: Реконструкцијата е признание дека Мицкоски за две години нема никаков резултат

    13.07.2026 во 17:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер
    • Бојковска до Лукаревска: Треба да имате дигнитет за да зборувате за кадровски решенија, владата на СДС ќе остане запаметена по тендерите на Филипче и пасошите кои ги дававте на белосветските криминалци
    • Талески: Реконструкцијата е признание дека Мицкоски за две години нема никаков резултат
    • СДСМ: Наркодилерот Цуната е пуштен да избега, Панче – оставка
    • Хаос во Македонија: 9 пријави за семејно насилство во изминатите 24 часа
    • Полицајците ги потсетија граѓаните: Поминувајте улица на пешачки – без слушалки и телефони
    • Велјановски до Тренчевска: Го изгубивте легитимитетот уште како министерка за труд и социјална политика
    • Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за намалените плати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

    Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

    13.07.2026 во 18:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Реконструкцијата на Владата е признание дека министрите на Христијан Мицкоски не испорачале резултати, но најголемиот доказ за двојните аршини е тоа што Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи и покрај серијата скандали што го потресоа МВР.

    Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во денешната собраниска расправа истакна дека реконструкцијата јасно покажува дека Владата признава неуспех, но истовремено ги штити најодговорните за состојбите во институциите.


    „Од министрите за чие работење предупредував тука, во ова Собрание, останува Панче Тошковски. Замислете, Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи по сето она што му се случува во Министерството за внатрешни работи – од скандал до скандал. Секој ден имаме скандал што го карактеризира ова Министерство за внатрешни работи, особено господинот Панче Тошковски. Само денеска, од полициска станица во Кочани, на самиот министер му бега наркодилер од полициска станица и, замислете, истиот тој министер останува сè уште министер за внатрешни работи.“ рече Талески.


    Тој нагласи дека ова не е изолиран случај, туку продолжение на низата пропусти и скандали во ресорот.


    „Му се случи Кочани, што сè не му се случи на тој министер за внатрешни работи, но едно е сигурно, а тоа е дека е заштитен лично од Христијан Мицкоски.“ додаде тој.


    Талески оцени дека реконструкцијата не носи никаква одговорност, туку покажува дека за министрите блиски до Мицкоски не важат никакви критериуми, без оглед на бројот на скандалите и последиците што ги трпат граѓаните.


    „Министрите, господине Мицкоски, можете да ги промените, но не можете да ја смените вистината. А вистината е дека по две години оваа влада не ги испорача ветувањата што ги даваше за време на изборите.“ рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

    Прочитај повеќе

    Бојковска до Лукаревска: Треба да имате дигнитет за да зборувате за кадровски решенија, владата на СДС ќе остане запаметена по тендерите на Филипче и пасошите кои ги дававте на белосветските криминалци

    13.07.2026 во 17:45

    Талески: Реконструкцијата е признание дека Мицкоски за две години нема никаков резултат

    13.07.2026 во 17:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.