Close Menu
Press24
    Најново

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Не се плашиме од избори, туку тие се плашат од одговорност

    СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Не се плашиме од избори, туку тие се плашат од одговорност

    13.07.2026 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз. Но оваа теза е нелогична и лесно разоткриена, се вели во соопштението од СДСМ.

    -Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората?  Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација? Фактите се јасни: ВМРО изгуби над 150.000 гласови на последните избори.  Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги и неисполнети ветувања, велат СДСМ.

    Додаваат дека ако навистина беа толку силни, немаше да се фаќаат за вакви методи.

    -Единствените кои се плашат од пораз на изборите се токму ВМРО и Мицкоски.  Тоа не е страв само од опозицијата – тоа е страв од одговорност пред законот.  Страв од тоа што ќе се случи кога ќе треба да одговараат за криминалните тендери, за кражбата на парите на граѓаните и за систематската корупција. Затоа и се брза со предвремени избори. Падот на рејтингот и загубата на стотици илјади гласови го притискаат Мицкоски да ги распише што поскоро, стои во соопштениерот.

    Додаваат дека веќе ниту пропагандата, ниту 40 отсто од орбановите медиуми не можат да ги сокријат неуспесите на оваа влада на сите полиња – економскиот колапс и празниот буџет се видливи за секој граѓанин.

    -Овие „големи патриоти“ со бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија, сега се загрижени за сопствената судбина. Не за иднината на Македонија, туку за сопствената одговорност.  Затоа сакаат да ги наместат следните избори – за да ја одложат правдата што неизбежно доаѓа. Народот не е наивен. Лаги, манипулации и изборни кражби повеќе не поминуваат. Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи, велат тие.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.