Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Државната химна треба да ја пеат сите, без разлика од кој етникум доаѓаат
    • Лукаревска до Јаневска: Дали училиштата кои ги затворивте ќе станат старски домови?
    • Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана
    • Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи
    • Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот
    • Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица до СДСМ: Наместо напади, кажете дали сте за една изборна единица

    Левица до СДСМ: Наместо напади, кажете дали сте за една изборна единица

    13.07.2026 во 11:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс. Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик, се наведува во соопштението од ПП Левица.

    -Наместо одговорна и достоинствена реакција и воопшто став за една изборна единица – СДСМ излезе со соопштение составено од политичка фрустрација и очајнички обид вниманието да се пренасочи од темата што очигледно најмалку им одговара. Во текот на целата дебата за Изборниот законик, СДСМ не изгради ниту една препознатлива политичка позиција за суштинските прашања. Наместо да објаснат дали се за една изборна единица, дали секој глас треба да вреди еднакво и дали Македонија конечно треба да добие поправеден изборен систем, тие упорно се обидуваат дебатата да ја сведат на конспиративни теории.
    Одбивањето на координација претставува директно пропуштање на можноста власта да биде обврзана да прифати заеднички опозициски став, велат од Левица.

    Додаваат дека особено симптоматично е што партијата која со години тврдеше дека се залага за една изборна единица, денес одбива дури и да седне на маса за да разговара за таква реформа. Ако и понатаму се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако повеќе не се, нека имаат доблест да им го кажат тоа на своето членство.

    -Неодговорно е што ваквиот пристап ги продлабочува поделбите меѓу опозициските субјекти токму во момент кога постои реална можност за заедничко дејствување. СДСМ со своето одбивање не ја казнува Левица, туку ја пропушта можноста опозицијата да настапи усогласено и да издејствува подобри изборни правила. За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. Затоа панично го бранат системот што произведува изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и вештачки политички кислород за партии кои одамна ја загубија довербата кај граѓаните. Се надеваат дека она што повеќе не можат да го добијат од граѓаните, ќе го добијат од изборната математика. Кога некаде нема поделба на плен, амнестии, институции или политички комфор, ним им изгледа како да нема ни причина за средба. Разбирливо е што не можат да сфатат дека постои партија кои разговара за правила, а не за привилегии. Во нивниот политички универзум, разговорите никогаш не се однесуваат на јавниот интерес. Затоа и не можат да поверуваат дека некој навистина свикува состанок за една изборна единица, а не за политичко пазарење. Толку долго функционираат во логиката на политичките комбинации, што денес секоја иницијатива ја мерат според сопствените навики, велат Левица.

    Додаваат дека уште поиронично е што партијата која осум години беше носител на власта и заедно со ДПМНЕ по скратена постапка ги донесе скандалозните измени на Кривичниот законик со кои беа амнестирани околу 80 функционери на ДПМНЕ, денес комично се обидува да се претстави како авангарда на отпорот против политичкиот естаблишмент. Тешко е да се глуми револуционер откако си бил архитект на најконтроверзните политички зделки.

    -Граѓаните веќе им пресудија. На локалните избори во Скопје во 2025 година, Левица стана најсилната опозициска политичка сила во главниот град, додека СДСМ го доживеа својот најтежок политички пад. Наместо да направат анализа зошто граѓаните им го свртеа грбот, тие повторно бараат виновник во Левица. На крајот, останува само едно прашање на кое СДСМ упорно одбива да одговори: Дали сте за една изборна единица или не? Сè друго е очајнички обид да се спаси сопственото распаѓање, велат тие.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Лукаревска до Јаневска: Дали училиштата кои ги затворивте ќе станат старски домови?

    11.09.2026 во 12:39

    Велјановски: ЈО да истражи како се потрошени 4,6 милиони евра за провизии за железничкиот Коридор 8

    11.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.