Close Menu
Press24
    Најново

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конески: Поддршката за младите останува приоритет на Владата

    Конески: Поддршката за младите останува приоритет на Владата

    13.07.2026 во 11:162 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток ја истакна новата програма за практикантство, која им овозможува на студентите да стекнат практично искуство во локалните самоуправи, со што се подобрува нивната подготвеност за пазарот на трудот, а истовремено општините добиваат млада енергија, нови идеи и поголем капацитет за прилагодување на современите предизвици, с евели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Новата програма што ја промовиравме, месеци на практикантството тоа е соработка на државните универзитети со Министерството за локална самоуправа и со ИНОВА каде што во месеците август-септември студентите ќе имаат шанса да бидат практиканти во локалните самоуправи, да имаат директно искуство во раководењето на општината, тука има взаемен интерес и младите добиваат практично искуство и ја подобруваат позицијата на пазарот на трудот, а од друга страна локалните самоуправи добиваат млада енергија, нови идеи и еден зајакнат механизам за адаптација на новите времиња“, рече Конески.

    Конески истакна дека Владата посветува значително внимание на подобрувањето на студентскиот стандард и спроведувањето на мерки насочени кон унапредување на условите за студентите, и ги истакна програмите за самовработување со кои се поттикнува претприемачкиот дух кај младите и се создаваат подобри можности за нивен професионален развој.

    „Опозицијата беше многу критички настроена спрема извештаите од Европската комисија, сака да креира перцепција во недостиг на аргументи, они пробуваат да се извадат на тоа дека една лага кажана доволно пати станува вистина. Последниве две недели гледаме дека опозицијата агресивно во медиумите разговара за ребалансот на Буџетот и дека се кратат средства за младите. Буџетот за 2026 година за студентски стандард предвидува 1.338.000.000 денари, со ребалансот се предвидени 1.689.000.000 денари односно 350 милиони денари е зголемена ставката за студентски стандард, тука се студентскиот оброк, сместувањата по студентските домови, субвенционираните оброци“, истакна Конески и додаде:

    „Веќе две години го спроведуваме оперативниот план за самовработување и повратните резултати првата година беа добри, оваа година бројот на апликанти е голем, тука на еден многу добар начин државата се промовира себеси како мотиватор на младите да почнат да размислуваат претприемачки“.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.