Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ ја критикува реконструкцијата: „Стара Влада во нова амбалажа“

    СДСМ ја критикува реконструкцијата: „Стара Влада во нова амбалажа“

    13.07.2026 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар, се наведува во соопштението на СДСМ.

    -Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски. Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога европскиот пат е блокиран, а Владата нема одговори за ниту еден суштински проблем, 
    Мицкоски се обидува со реконструкција да го пренасочи вниманието од сопствениот неуспех. Со оваа реконструкција не се менуваат политиките, не се поправаат грешките и не се презема одговорност. Се менуваат само фотелјите, додека истите луѓе продолжуваат да управуваат со државата, велат од СДСМ.

    Според нив реконструкцијата сама по себе е признание дека Владата не испорача резултати. 

    -Граѓаните нема да добијат повисоки плати, пониски цени, подобро здравство, подобро образование или побрз европски пат. Ќе добијат само уште поголема концентрација на моќ во рацете на Мицкоски и продолжување на истите погрешни криминални политики. Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – остануваат во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ниту една сериозна реформа не е направена. Ниту еден крупен проблем што ги мачи граѓаните не е решен. Само се прераспределуваат министерски фотелји меѓу истите луѓе и нивните сателити, велат СДСМ.

    Додаваат дека Мицкоски само го префарба истиот криминален систем, за да може уште некое време да го одржува на власт. Македонија не може да оди напред со стара Влада во нова амбалажа. 

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.