Скопјанец физички ги нападнал својот татко и својата сестра на подрачјето на општина Центар.
Од МВР информираат дека ноќеска во 01:40 часот во СВР Скопје 71-годишен маж пријавил дека претходно околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Центар тој и неговата ќерка биле физички нападнати од неговиот син А.М.
При вршењето насилство, пријавениот оштетил и дел од покуќнината.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

